Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Ако се утврдат неправилности при пораст на цените на одредени производи, ќе бидат преземени мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Ако се утврдат неправилности при пораст на цените на одредени производи, ќе бидат преземени мерки
Агровести

Битиќи: Ако се утврдат неправилности при пораст на цените на одредени производи, ќе бидат преземени мерки

Објавено 13/04/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, најави дека наскоро ќе се излезе со податоци од контролите. Во врска со покачувањето на цената на маслото за јадење, Битиќи вели дека во некоја мера е оправдано поради светското движење на цените.

Единствениот механизам на државата за контрола на цените на производите во моментот е испекцијата која може да утврди дали има неправилности и нивно вештачко зголемување, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој најави дека наскоро ќе се излезе со податоци од контролите и таму каде ќе бидат констатирани неправилности ќе бидат преземени мерки.

-Минатата година поради прогласената вонредна состојба, Владата со уредба можеше да донесе одлука со која што директно интервенираше да нема пораст на одредени производи. Сега единствениот механизам ни е преку пазарната инспекција да утврдиме дали има неправилности и дали има навистина зголемување на цените на вештачки начин. И веќе ние ги следиме секојдневно, не само од јавувањето на граѓаните. Ние и самите го следиме движењето на цените. Веќе има таква интервенција на неколку субјекти. Наскоро ќе излеземе со податок што точно ќе направиме и секако сите тие што се обиделе да профитираат или во овој момент кога на сите нас ни е тешко да изнесат максимална добивка од состојбата се што е законски ќе се преземе, рече вицепремиерот Битиќи во гостување на ТВ Сител. Во врска со покачувањето на цената на маслото за јадење, Битиќи вели дека во некоја мера е оправдано поради светско движење на цените.

-За жал заради некои движења на светската берза секако треба да се направи некое поместување на цените. Се утврдува дали пазарната цена на маслото во овој момент е 100 отсто оправдана наспроти сите движења на светската берза, наспроти количините што постоеле итн. Се прават последните калкулации и наскоро ќе имаме конечен став и околу ова. Не е во ред и не би требало во ситуации кога на сите ни е тешко секојдневно се бориме против непознатиот непријател вирусот да се бориме и против тие коишто, еве да кажам, несовесно ќе се однесуваат, а не според правилата на пазарот – рече Битиќи.

Тој во гостувањето говореше и за угостителството и рече дека се размислува за еден нов цел пакет за периодите кога овие субјекти беа целосно затворени.

-Во пресек на 6 април годинава во Македонија биле регистрирани вкупно 6685 компании во секторот хотелиерство, туризам и угостителство. Во категориите шифрата на дејности коишто опфаќаат само угостителство се регистрирани 6 000 компании, правни субјекти кои имаат вкупен број од 17.000 вработени. Пресек 6 април кога беа затворени или тоа за јавноста нека биде 2,7 отсто од вкупниот број на вработени. Секој еден е битен. Освен парите што ќе ги добијат за финансиска поддршка од петтиот пакет што веднаш, експресно ќе се случи дента кога ќе се изгласа во Собрание ние ќе почнеме со операционализација, веќе размислуваме за цел еден нов пакет за времето кога беа затворени. И веќе го гледаме. За жал, не дека не е развиен пакетот, пакетот е развиен, моделот е развиен, но ги немаме бројките. Очекуваме да заврши тримесечниот период за да можеме да споредиме за каков просек на приходи зборуваме за периодот јануари, февруари, март – рече Битиќи.

Тој нагласи дека тоа ќе биде целосно нова мерка и дека станува збор за процентуална поддршка на приходите.

Во врска со најавите за измени на Законот за здравствена заштита за намалување на цените во приватните болници за кои денеска информираше министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот Битиќи рече дека неколкупати се правеле обиди со разговори со приватните здравствени установи да се најде компромис по ова прашање во период кога, како што рече, сите треба да се грижиме за здравјето на граѓаните.

-И не само за здравјето на граѓаните, туку и за нивната економската моќ за да најдат решение. Затоа сега рековме тоа да го направиме законски, бидејќи постои можност заради кризната состојба сето тоа да го адресираме законски и да дадеме законско ограничување на висината на надоместите кои што граѓаните ќе ги плаќаат за лекувањето во приватните здравствени установи, рече Битиќи во гостувањето на ТВ Сител.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Битиќицени
Претходен напис Јапонија ќе испушти во морето милион тони контаминирана вода од „Фукушима“
Следен напис Хрватска и 12 членки на ЕУ се договорија за туристички „зелен пасош“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?