Шестото, хибридно издание на Меѓународниот форум за земјоделска роботика, ФИРА 2021 година, ќе се одржи од 7 до 9 декември, во Тулуз, Франција и онлајн. Овој светски професионален настан за земјоделска роботика има за цел да собере повеќе од 3.000 учесници, а овој начин на одржување дава можност за учество на сите заинтересирани за овој дел од земјоделството.
Тридневниот настан ќе ги собере производителите на роботи, земјоделските компании, земјоделците, инвеститорите, добавувачите и истражувачите од целиот свет.

Според организаторите, ова ќе биде единствена можност за размена на знаења, нова соработка, осмислување стратегија за развој на роботиката за имплементација на иновативни решенија во земјоделските процеси кои треба да ги намалат нивните штетни ефекти врз здравјето на луѓето, производството на храна и животната средина.
ФИРА ќе собере 2.000 посетители онлајн и 1.000 посетители на изложбениот простор Labége во Тулуз. Ќе има 40 Ag роботи и 70 изложувачи. 50 меѓународни експерти ќе учествуваат на предавања, панели и други состаноци.
Можете да се регистрирате на форумот преку овој ЛИНК.

