Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ова лето Европа ја очекуваат суши, поплави, топлотни бранови и пожари, предупредува Европската агенција за животна средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ова лето Европа ја очекуваат суши, поплави, топлотни бранови и пожари, предупредува Европската агенција за животна средина
АгровестиАгропрогноза

Ова лето Европа ја очекуваат суши, поплави, топлотни бранови и пожари, предупредува Европската агенција за животна средина

Објавено 16/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европа летово ќе се соочи со посилни, подолги и почести топлотни бранови, како и со суши, поплави и пожари, кои ја загрозуваат природата, здравјето на луѓето и економијата, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Во Јужна Европа, би можело да има повеќе од 60 летни денови во кои условите ќе бидат опасни по здравјето на луѓето, доколку не се спроведат мерки за адаптација. Поголеми количини врнежи се предвидуваат во поголем дел од Европа, кои ќе предизвикаат поголеми поплави, особено во северозападните и централните делови на континентот.

Повеќе од половина Европа од 2018 година е погодена од екстремни суши, а минатата година сушите значително го намалија приносот на пченка, соја и маслинки. „Уште една сува зима не навестува добри услови за ова лето и изгледите се песимистични. Исклучително сувата и топла зима значеше ниска снежна покривка и резултираше со ниска влажност на почвата, низок проток на реките и помала вода во резервоарите низ поголемиот дел од Јужна и Западна Европа“, соопшти ЕЕА.

Агенцијата предупредува дека долгорочните климатски проекции укажуваат дека јужните и централните делови на Европа ќе станат уште посуви и потопли во овој век со катастрофални последици за земјоделскиот сектор. Вкупните економски загуби во сите економски сектори поврзани со сушата се очекува да се зголемат до крајот на векот од сегашните девет милијарди евра годишно на 25 милијарди евра со пораст на температурата за 1,5 степени. Проценките се дека со глобално затоплување од два степени, загубите би биле 31 милијарда евра годишно, а од три степени 45 милијарди евра.

На ширење на пожарите влијаеја и сувите и многу топли периоди со силен ветер. Најмногу шумски пожари имаше на југот на Европа, но сè повеќе ги има во централна, па дури и во Северна Европа. Според најтешкото сценарио, Јужна Европа, особено Пиринејскиот Полуостров, ќе доживее значително зголемување на бројот на денови со висока опасност од пожари.

ЕЕА, исто така, предупредува дека потоплата клима носи ризик дека ендемичните и инвазивните животински видови кои носат болести може да се шират на север или на повисоки надморски височини отколку што беше случај досега.

ЕЕА отвори нова веб-страница која ги објаснува најголемите климатски промени поврзани со временските услови, при што корисниците користат интерактивни мапи и графикони за да истражуваат информации за топлотни бранови, поплави, суши и пожари што веќе се случиле, што да очекуваме и колку сме подготвени да се соочиме со тоа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Таг:поплавасуша
Претходен напис Ѓубриво од квасец – како се подготвува и како се употребува?
Следен напис Соларните огради за пасиштата стануваат тренд во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?