Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грижете се за собните цвеќињa во зима – еве и како
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Грижете се за собните цвеќињa во зима – еве и како
Растително производство

Грижете се за собните цвеќињa во зима – еве и како

Објавено 04/12/2019
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еве неколку совети како да се грижите  и да ги заштитите собните цвеќињата во текот на зимата

 За да се негуваат собните растенија и за да се одржат здрави, еластични и да напредуваат во текот на следната сезона треба да се применуваат следните совети.

 Намалете го наводнувањето

Како по правило, цветните растенија во есен ја намалуваат потрошувачката на вода до минимум. Затоа, препорачливо е постојано да се следи нивото на влажност и да се прилагоди количината на вода според нивните потреби. Со заладувањето (падот на температурата) тие автоматски ја намалуваат потрошувачката на вода затоа што сите физиолошки процеси се успорени. Затоа се појавуваат ризици од прекумерно наводнување и можност за гниење на коренот. Не се препорачува пресадување  на растенијата во оваа сезона. Најдобро е тоа да се направи во пролет.

Внимателно со прихраната

Во есен, потрошувачката на хранливи материи исто така се намалува, поради што уште во октомври  се престанува со прихраната. Преголемото додавање на кој било вид хранливи материи може да предизвика солта да се акумулира во подлогата, што може да доведе до фитотоксичност. Степенот и брзината на потрошувачката на корисни елементи зависи од температурата на воздухот. Кога таа паѓа,  се создаваат услови за мирувње со минимален или никаков раст. Неискористените хранливи материи се акумулираат во субстратот. Исклучок се растенијата како што се:, Азалеа (Azalea), Циклама ((Cuclamen) и Euphorbia), кои цветаат од доцна есен  па се до зимата. Затоа, тие треба да се прихрануваат.

Отстранете ги исушените делови

Кај собните растенија, од тековните активности, продолжува отстранувањето на исушените или оштетени цветови. Посебно  чувствителна е Божиќната ѕвезда( poinzecija), пред се во кратките  денови. Затоа, не е доволно само да ја прихрануваме  и полеваме, туку треба да се внимава  да добива доволно  дневна светлина.

Кај  лисните – украсни растенија, продолжува отстранувањето на оштетените и мртви лисја. Се препорачува повеќе да не се наводнуваат и прскањето значително да се намали. Во периодот пред почетокот на загревањето на просториите во станот, на растенијата може да им се наштети не само од зголемената влажност на воздухот, туку и од капките што остануваат на лисјата.

 Проверете дали има трулеж

Редовно треба да се следат стеблата и корењата на растенијата за да се утврди дали имаат трулеж, затоа што во овој период постои ризик дека можеме да претераме со наводнување. Ако се појави оваа болест, подобро е да се испрскаат со бенмил и телдор. Многу е важно да се отстрани секој исушен или овенат лист и цвет, бидејќи тие претставуваат потенцијален ризик од заболување предизвикано од сива мувла (Botrot sp.). На оваа болест првенствено се подлежни  африканските темјанушки  и цикламата. Покрај добрата нега, превентивната заштита со фунгициди е подобро решение отколку да чекате да се појави инфекцијата. Дамките на листовите се појавуваат кога лисјата се многу влажни или воздухот е многу заситен со влага.

 Користете зимски акарициди

Растенијата треба превентивно да се контролираат и против грини и од  белите лисни вошки. На грините и белите вошки многу им одговараат топлите и суви услови, а особено им годи централното греење. Бидејќи минуваат низ неколку фази на развој – од јајце, преку ларва, до возрасни единки – контролирањето кај нив е многу тешко.  Можат да се уништат само во фаза на зрелост, но исто така и во фаза на јајца, само тогаш  нивното пронаоѓање е поголем проблем затоа што јајцата се едвај видливи со голо око.

 За  сузбивање на грините во овој период се користат зимските акарициди , на пр. нирон и талстар што има т.н. knock down  ефект врз возрасните единки. Воедно тој е инсектицид со контактно дејство и делува на  сите штетни инсекти кои се проблем во зима. Што се однесува до белите лисни вошки, тие паѓаат подлабоко во земјата бидејќи температурата опаѓа, така што треба да се користат систематски инсектициди преку почвата.  Нирон и талстар можат да се комбинираат. Третманите треба да се направат на терасата или во просторијата во која не се престојува.

Како да се ослободите од мушичките

 Мушичките (Sciaride, Foridae, Bradizia sp.) исто така може да бидат голем проблем. Овие ситни инсекти ги оставаат своите јајца на површината на супстратот и  подоцна живеат  од изумрениот и  распаднат материјал како на пр. тресетот, мртви лисја и корења. Затоа, не се работи   само за непријатното чувство кога овие инсекти влегуваат во нашето лице, туку и фактот дека ларвите се хранат со ткивото на коренот. Веројатноста за нивна појава е поголема доколку се зголеми влажноста на подлогата, односно ако претерано се наводнува.

Извор: https://www.agroklub.rs/

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:нега на собните цвеќиња во зимасобни растенијасовети за собни растненија
Претходен напис Што е црвената точка во јајцето и дали е опасна за здравјето?
Следен напис Потпишан договор за соработка помеѓу „СН Осигурителен брокер“ и Фондот на Пензиско и инвалидско осигурување и Сојузот на здруженија на пензионери
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?