Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска се доближил до првите куќи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска се доближил до првите куќи
Агровести

(ВИДЕО) Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска се доближил до првите куќи

Објавено 16/08/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов раскажува за драматична ситуација која синоќа се случила над Зелениково. Во опасност од пожар биле неколку куќи.

-Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково, поради што панично бараше помош. Според паниката во нејзиниот глас претпоставив дека пријавата е вистинита, а состојбата алармантна.

Веднаш се јавив на дежурниот скопски пожарникар. Телефонот заѕвони само еднаш а веќе го слушнав неговиот глас од другата страна. Го известив дека во Зелениково најверојатно има опасен пожар после што тој веднаш ми кажа дека веќе знаат и нивното возило од станицата во Драчево итно тргнало кон посочената локација.

Бидејки во тој момент се наоѓав на патот кој води низ ловиштето Јасен, враќајки се од Македонски Брод каде што ги имавме завршните договори за денешното гасење на пожарот кој е активен на висок, тешко пристапен и карпест терен, веднаш дадов задача на возачот да продолжи кон Зелениково, раскажува Ангелов.

Тој додава дека по половина час подоцна пристигнале на критичното место.

-Целиот период, од пријавата до пристигнувањето комуницирав со пријавителката и успеав барем малку да ја смирам.

Во меѓувреме, за пожарот бил известен и градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски кој во интерес на времето итно го стартувал општинското противпожарно возило кое што го набавиле пред извесно време и со него дошол непосредно до куќите каде што беснеел пожарот. Истовремено со него пристигнале и, од него алармираните, припадници на доброволното противпожарно друштво од Зелениково.

Веднаш потоа започнале со гасење на пожарот кој се приближувал кон куќите. Олеснителна околност била претходната реакција на самите жители од последните куќи, кои направиле делумна заштита на неколку места прскајки со вода и сечејки критични грмушки и дрвја.

Сите заедно успеале да ја сопрат огнената стихија пред да стигне до првите куќи.

Голема благодарност до градоначалникот на Зелениково, Коста Маневски, кој итно, во 02.00 по полноќ се јавил на повикот на граѓаните, покажал присебност и наместо да губи време чекајки некој да дојде по противпожарното возило, самиот го стартувал и одвезол до местото каде што горел пожарот.

Благодарност и до жителите кои што излегле да се борат против огнот изложувајки се притоа на значителен ризик, на лице место затекнав повеќемина од нив.

Посебна благодарност до доброволните пожарникари од Зелениково без чие учество состојбата ќе беше сосем поинаква.

Со нив договорив да влезат во Тимовите за брз одговор на ДЗС а во знак на поддршка на доброволното пожарникарство им понудив Дирекцијата да им обезбеди заштитни униформи, противпожарни напртњачи и метли за нивниот иден Огнен тим во ДЗС.

Благодарност и до скопските пожарникари чие што возило стигна навистина брзо. Сите заедно ставија крај на оваа огнена стихија која можеше да уништи повеќе куќи.

На крај, по којзнае кој пат, ве молам, внимавајте! Доволна е само искра за вистинска катастрофа!, вели Ангелов.

Може да ви се допадне

Виктор Петков – ВИПРО: Улогата на државата е да обезбеди фер услови, а не да ги турка земјоделците во директни конфликти со индустријата
Земјоделците не сакале да протестираат кај откупувачите на пиперки, тврди Мицкоски
Производителите на пченица од Пелагониско бараат државата според Законот да оддели по 5 денари од Интервентниот фонд за килограм откупена пченица
Винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино
Затекнати додека подметнуваат пожари: Уапсени две лица во Битола и Прилеп
Таг:возилоЗелениковопожар
Претходен напис Виктор Петков – ВИПРО: Улогата на државата е да обезбеди фер услови, а не да ги турка земјоделците во директни конфликти со индустријата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?