Заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, ја посетивме валандовската компанија „PEGO Agrofruit“ и остваривме работна средба со членовите на „Прва органска задруга“.
Компанијата „PEGO Agrofruit“ е првата компанија во нашата држава која преку иновативен процес пласираше на пазарот низ Европа свој производ јапонско јаболко „Јосифовка“. Додека членовите на задругата произведуваат мед, бадеми, јапонска јаболка, вишни, сливи, калинки и маслинки, како органски производи и вршат преработки на истите.
Поддршката на иновативноста кај малите и средните претпријатија е основен предуслов за нивниот општествен и економски развој.
Фејсбук статус на Перо Костадинов Градоначалник на Општина Валандово




