Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Град Скопје за „Локално“: Нема Ешерихија коли во скопската вода, ова е оркестриран напад
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Град Скопје за „Локално“: Нема Ешерихија коли во скопската вода, ова е оркестриран напад
Агровести

Град Скопје за „Локално“: Нема Ешерихија коли во скопската вода, ова е оркестриран напад

Објавено 12/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје, ова е оркестриран напад, а подоцна ќе излеземе со целосна информација.

Вака одговорија на прашање на „Локално“ од Град Скопје за можноста скопската вода да не е погодна за пиење поради постоење на оваа бактерија.

Се уште нема одговор на прашањето од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Институтот за јавно здравје.

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ вчера изјавија дека во текот на денот, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа во Скопје, од кои четири се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец. Примероците се испитувани со физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитирани лаборатории согласно стандардот ISO 17025:2018.

Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ посочуваат дека мониторингот се спроведува согласно важечките прописи за безбедност и квалитет на водата за пиење. Добиените резултати потврдуваат дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е соодветна за пиење.

Ешерихија коли е бактерија која нормално живее во цревата на луѓето и животните. И покрај тоа што одредени типови на бактеријата се безбедни и ги има во здравиот дигестивен систем, постојат и типови на Ешерихија коли кои предизвикаат труење на организмот. Симптомите на труење се слични со стомачниот вирус, но честопати знаат да дадат потешки симптоми и може да траат многу подолго од една обична вирусна инфекција на цревата.

Извор: Локално

Може да ви се допадне

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел
МФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата
Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна
Денеска два астрономски спектакла – помрачување на Сонцето и метеорски дожд, ќе бидат видливи и од Македонија
Таг:Ешерихија колиСКОПЈЕскопската вода
Претходен напис Од утре освежување со пороен дожд, грмежи и локално невреме 
Следен напис ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?