Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Ѓорги Ивановски: Се здруживме во задруга 20 пријатели и другари производители на јаболка, да си помогнеме во производството и пласманот


Ситните земјоделски стопанства кои се занимаваат со производство не се конкурентни на пазарот но тоа се менува со нивно здружување во земјоделски задруги. Децениите на уривање на задругарството создадоа недоверба кон овој вид на функционирање на земјоделски производители на пазарите, па долги години ваквите иницијативи тешко доаѓаа до израз. Сепак во последно време за основање на задруги се зголемува интересот кај земјоделците и се почести иницијативи потекнуваат токму од нив самите, особено од оние кои се занимаваат со ист вид на земјоделско производство.

Серијалот на Агротим. мк за задругарството и важноста на задругите за земјоделските производители, го продолжуваме со интервју со Ѓорги Ивановски, менаџер на ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче.

АГРОТИМ: Кога ја формиравте Земјоделската задруга?

ИВАНОВСКИ:  Претпоставувам во моментов сме најмладата Земјоделска задруга , на крајот на минатиот месец се регистриравме во Централен регистар а од 17 ти овој месец со решение сме запишани во регистарот на ЗЗ при МЗШВ.

АГРОТИМ: Како дојдовте на идејата да формирате земјоделско задруга и што беше пресудно?

ИВАНОВСКИ:   Во задругата членуваме лица кои практично секојдневно комуницираме – долгогодишни пријатели, другари. Полемиките околу проблемите со производството и пласманот на јаболкото практично беа неизбежна тема при секое наше гледање, во секоја прилика. На почетокот идејата ја разгледувавме неколкумина, за потоа да ја предложиме. Од идеја до реализација помина безмалку една година. 

АГРОТИМ: Дали претходно се информиравте за предностите од формирањето или видовте од нечие искуство?

ИВАНОВСКИ:   Пресудна беше упорноста на сите, здружени во идејата дека заедно многу полесно ќе ги надминуваме проблемите и истовремено многу полесно ќе дојдеме до придобивките. Првите информации за прeдностите ги добивавме од медиумите и апелите на државните институции дека иднината е во земјоделското здружување и се разбира од контактите со ЗЗ од нашата општина.

АГРОТИМ: Колку членови брои ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче и како ви се поделени ангажманите?

ИВАНОВСКИ:   Нашата задруга ја сочинуваат 20 членови, што значи сме ЗЗ од голем обем. Со оглед на тоа дека од нашето формирање поминаа само 2-3 седмици, поделбата на ангажманите е во тек. Се разбира, статутарните ангажмани се испочитувани.

АГРОТИМ: Што ќе биде приоритет во вашето работење?

ИВАНОВСКИ:   Приоритети како ЗЗ да ја намалиме цената на производство на јаболкото од една страна, а од друга да ја зголемиме продажната цена. Одржливост и профит на ЗЗ и еден убав ден отворање на ОТКУПНО ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР во состав на задругата.

АГРОТИМ: Како ќе го надминете нашиот менталитетет кој не е баш наклонет кон заедништво? Можни ли се сопки внатре во задругата?

ИВАНОВСКИ:   Се повеќе и повеќе земјоделците се свесни дека иднината е во заедништвото. Тоа сакаме да го докажеме со сопствен пример, транспарентност, секојдневна комуникација и информирање на членството, почитување на основите за формирање, почитување статутарните одредби на ЗЗ.  Секој член на задругата е рамноправен. Различни размислувања на земјоделците, погледи, ставови се добредојдени. Во моментов, во ваков состав навистина сме посветени кон остварување на целите и не размислуваме за сопки. Сепак, можни се но, претпоставувам би биле индивидуални и нема да направат штета на задругата.

АГРОТИМ: Дали ќе соработувате со другите задруги и дали планирате да бидете членови на Асоцијацијата?

ИВАНОВСКИ:   Се разбира. Веќе соработуваме со други ЗЗ а на 18 ти овој месец на Годишното собрание на Македонската Асоцијација на Земјоделските Задруги одржано во Велес, бевме примени за рамноправен член на Асоцијацијата.

Денес имаме современ концепт на задругарството кое претставува императив за развој, наш интерес е задругарството да претставува процес кој нема да запре, зашто таму каде што имаме силна и добро пзоиционирана задуга можеме да зборуваме за успех.

АГРОТИМ: Какви се вашите планови за иднина на ЗЗ Преспанка – Преспанско јаболче?

ИВАНОВСКИ:   Во консултации со стручни лица и институции во тек е изработка на повеќегодишен план за работа и развој на задругата. Истовремено сме фокусирани на тековните – краткорочни, набавка на пестициди за потребите на членовите на задругата, осигурување на насадите од мраз и град. Дел од нашите активности се насочени и кон актуелниот Повикот за финансиска поддршка на ЗЗ, финансиран од ЕУ затоа ја користам приликата да ги повикам останатите ЗЗ кои ги исполнуваат  услови да учествуваат на повикот.

Пробивот на пазарот задругарите мораат да го обезбедат со своја работа и труд но и со квалитет на производите и цена, а единствено со здружување можат да се намалат трошоците и да се зголеми количеството на стока која може да се понуди на пазарот.

Георгиевски: Старомодната претстава за задругите треба да се надмине, тие се најдобро решение за земјоделците

Фев 27, 2020agrotim1
Променливо облачно време, а на повисоките места и снегЗасилен ветер и врнежи од снег – пола Македонија во жолта алертна фаза

Напишете коментар Откажи одговор

27/02/2020 Агровестизадруга, задругарство, земјоделци, инетрес678

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019