Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Големи пожари во Албанија,  Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Големи пожари во Албанија,  Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите
Агровести

Големи пожари во Албанија,  Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите

Објавено 13/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”,  кои се вон контрола.

Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана  приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот.

-Сериозна,  ситуацијата е и во Круја, каде гори неколку дена  и Националниот парк “Лура” каде пожарот беснее два дена. Силниот ветер и непристапниот планински терен го олеснуваат ширењето на пламенот и им отежнуваат на силите на терен да интервенираат, изјави доцна синоќа, министерот за одбрана Ермал Нуфи.

Не ја отфрли можноста и за евакуација на населението во овие делови.

-Ситуацијата во Круја е една од најопасните ситуации што сме ги имале во последните 4 години. Сериозна е состојбата и во Фиер и Мирдита а пожар се појави и во Вау и Дејас кој се движи кон Коман ( каде се истоимените хидроелектрани). Тука  помагаат противпожарни екипи од неколку соседни градови, рече Нуфи.

Според него ова лето се поподготвени од кога било во справувањето со цивилни вонредни состојби.

-Во активна состојба се 5 хеликоптери на вооружените сили,  како два авиони „Ер Трактор“. На терен се ангажирани над 750 оперативни сили кои се соочуваат со пожарите, има 75 возила, 30 се од вооружените сили, рече Нуфи.

Упати апел до граѓаните да бидат посвесни, потсетувајќи ги дека  предизвикувањето пожар е сериозно кривично дело и се казнува со затвор до 15 години.

Реагираше и претседателот, Бајрам Бегај, изразувајќи благодарност до пожарникарите, припадниците на вооружените сили и сите вклучени на терен, при тоа високо оценувајќи ја нивната посветеност во  соочувањето со пламените јазици во услови на високи температури.

Претседателот ги повика граѓаните да бидат внимателни, да ги почитуваат упатствата на властите и да избегнуваат дејствија што би можеле да го загрозат животот и имотот.

„Денес, на Албанија ѝ е потребна солидарност и одговорност од сите“, напиша тој на Фејсбук. 

Побара строго спроведување на законот за оние што предизвикуваат пожари наведувајќи „најостро да бидат казнети оние што запалија делови од земјата”.

МИА

Може да ви се допадне

ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
Дел од Центар денеска без вода, прекини во снабдувањето со струја во Илинден и Сарај
АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот казнет 550 евра
ЈП „Водовод и канализација“: Комплетно е неточно и најостро демантираме дека во водата во Скопје има Escherichia coli
Што значи прогласување епидемија
Таг:големи пожарисолидарност
Претходен напис Дел од Центар денеска без вода, прекини во снабдувањето со струја во Илинден и Сарај
Следен напис ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?