Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Кочанско добија агрометеоролошка станица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Кочанско добија агрометеоролошка станица
Агровести

Земјоделците од Кочанско добија агрометеоролошка станица

Објавено 19/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во кругот на Институтот на ориз во Кочани денеска беше инсталирана првата агрометеоролошка станица, која на земјоделците од регионот ќе им обезбедува податоци во реално време за актуелната временска состојба и за климатските промени.

Се работи за проект на Центарот за развој на Источниот плански регион со кој е предвидено исти станици да бидат поставени во сите 11 општини од регионот, а за што се обезбедени 2,16 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа.

– Со поставувањето на агрометеоролошките станици ќе им се обезбедат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и да ги планираат сите агротехнички мерки што треба да ги преземаат во одреден период од годината. Уредите што ги содржат станиците ќе ги мерат температурата и влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата. Ќе се изработи и веб платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови, истакна Александар Николов од Центарот за развој на Источниот плански регион.

До крајот на август ќе се инсталира по една станица во сите општини од источниот регион, по што ќе се спроведе информативна кампања меѓу населението и ќе се изработи пропаганден материјал за начинот на користење на јавно достапните податоци од мерењата.

Податоците од агрометеоролошката станица, преку бесплатна апликација на мобилен телефон или компјутер, ќе им бидат достапни и на сите граѓани, а новитет е што ќе се изготвуваат модели на биометеоролошките услови, кои врз основа на измерените параметри ќе даваат прогноза за појава и интензитет на полен, мигрена и ревма.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:агрометеотолошка станицаКочаникочанскопрва метеоролошка станица
Претходен напис Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“
Следен напис Од денеска целосна стабилизација на времето – детали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?