Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ГОИЕ: Одлуките за изградба на мали електрани да се базираат на балансирање меѓу екологијата и потребниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ГОИЕ: Одлуките за изградба на мали електрани да се базираат на балансирање меѓу екологијата и потребниот развој
Агровести

ГОИЕ: Одлуките за изградба на мали електрани да се базираат на балансирање меѓу екологијата и потребниот развој

Објавено 08/04/2021
Сподели
5 мин. за читање
MIA
Сподели
Ad imageAd image

Дали да се градат мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови – одговорот на ова прашање не може да биде едноставен, особено ако се земе предвид дека вакви примери постојат во европските земји. Но, таму за секој проект се прави анализа на импактот, се оценува влијанието врз локацијата и не се оди со ад-хок решенија, истакнаа учесниците на денешната прес-конференција што ја организира Групацијата на обновливи извори на енергија (ГОИЕ) при Македонската енергетска асоцијација.

Според Групацијата, решавањето на евентуалните проблеми со малите хидроелектрани и стратегијата за нивната иднина во земјава, мора да се базираат на аргументација, позитивни практики и стручни анализи од сите засегнати страни: инвеститорите, институциите, граѓаните и еколошките здруженија. Одлуката или одговорот на прашањето дали да се гради мала хидроелектрана на одредена локација не треба да се носи еднострано и ад-хок, смета ГОИЕ, туку треба да се темели на балансирање меѓу потребниот развој и заштитата на живтоната средина.

Како што рече Самоил Целески од ЕМК „Мали хидроелектрани“, малите електрани досега беа презентирани како штетни и непотребни проекти, посебно во сегментот на изградбата, од аспект на загуба на шуми и биодиверзитет, бариери на реките или ерозии.

– Не ги исклучувам случаите на непочитување на регулативата и несовесна градба кои можат да им нанесат штета на екосистемите. Од друга страна, не можам да прифатам дека таквите негативни примери треба да станат генерален атрибут за малите хидроелектрани и да им се припишат како „фабричка маана“ – истакна Целески.

Во однос на најгорливото прашање – изградбата на мали хидроелектрани во национални паркови, Целески потенцира дека такви примери има многу во европските земји. Само во најголемиот национален парк во Австрија, посочи, има преку 30 мали хидроелектрани. Кај нас, пак, досега, седум електрани се во националните паркови и три се во подготовка што во густина значи девет мали хидроелектрани на 1.000 квадратни километри.

– Со добри градежни практики, влијанието на малите хидроелектрани врз животната средина може да се сведе на минимум. Три хектари е градежниот отпад при градење една просечна мала хидроелектрана. До денес имаме околу 100 мали хидроелектрани, а тоа значи 300 хектари површина зафатена со нивната градба, што е минорна бројка. За споредба, ЈП „Македонски шуми“ користи 10.000 хектари годишно за легална сеча. Од друга страна, малите хидроелектрани не ја носат водата никаде, туку ја испуштаат во реката. Точно е дека постои променет режим на протекување на реката, но тоа е законски контролирано и дефинирано. Биолошкиот минимум мора да се почитува, истакна Целески. Одговорајќи на новинарско прашање, Целески објасни дека водата што влегува во електраната поминува само низ турбина, па нејзиниот состав по излезот е ист. Дури, рече тој, водата е збогатена со кислород, а може да се користи и за пиење ако претходно била со таков квалитет. Малите хидроелектрани, дополни Целески, не мора да се градат на природни води, може и на вештачки акумулации и водоводи.

Во Италија, Франција, Швајцарија, Германија, Австрија и Словенија има преку 16.000 мали хидроелектрани што е 1:4 или 1:5 во споредба со нашата земја. Словенија со речиси иста површина како нашата и речиси еднаков број жители има четирипати повеќе мали хидроелектрани од нас, подвлече Целески, предочувајќи дека глобалното затоплување во моментов е голема закана и ќе биде императив за човештвото во наредниот период, а малите електрани придонесуваат за редукција на јаглеродниот диоксид. Друга придобивка од малите електрани е и рамномерниот развој, подобрувањето на локалната економија, како и анагажирањето домашни компании и експерти. Како што рече Александар Дединец, научен соработник во Истражувачки центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ, вкупно 2.500 нови работни места се очекува да бидат отворени од малите електрани до 2030 година во земјава, од кои 75 отсто би биле од соларните електрани.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:електроцентралихидроелектрани
Претходен напис Викендов на Осломејското Езеро крапски риболовен натпревар „Боила куп 2021“
Следен напис Кората од портокал е природен извор на минерали и витамини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?