Денес на владина седница се донесоа две клучни одлуки кои го потврдуваат нашиот стратешки приоритет – заштита и поддршка на домашното земјоделско производство, информира министерот за земјоделство – Цветан Трипуновски.
Откуп на пченица за стоковни резерви:
9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025;
Откуп од 5 до 30 тони по производител;
Откуп на оризова арпа за стоковни резерви:
2.400 тони од реколта 2024;
Цена: 37 денари/кг (без ДДВ);
Откуп од 3 до 20 тони по производител.
Годинава жетвата ќе се изврши на 70.000 хектари што би значело дека се очекува да ги задоволиме потребите од нашето производство.
Ова е резултат на посветената работа на нашите земјоделци и континуираната поддршка од Владата.
