Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Го зајакнува имунитетот, моќна е за чистење на црниот дроб, придонесува за здравјето на крвните садови – Сурутка за долг живот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Го зајакнува имунитетот, моќна е за чистење на црниот дроб, придонесува за здравјето на крвните садови – Сурутка за долг живот
Магазин

Го зајакнува имунитетот, моќна е за чистење на црниот дроб, придонесува за здравјето на крвните садови – Сурутка за долг живот

Објавено 21/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сурутката го зајакнува имунитетот, моќна е за чистење на црниот дроб, придонесува за здравјето на крвните садови, а редовното консумирање сурутка може да ги ублажи појавите на висок крвен притисок, замор и стрес.

Одличен напиток за заболен црн дроб

Сурутката е моќно средство за чистење на црниот дроб, а чистиот црн дроб е клуч за добро здравје. Ако страдате од некое заболување на црниот дроб, редовно пијте сурутка.
Богата е со состојки кои го зајакнуваат имунитетот, што е многу корисно при хроничен хепатитис.
Полна е со цистеин, потребен на телото за производство на глутатион, антиоксиданс кој го штити телото од воспаленија и токсини.

За издржливост и слабеење

Сурутката треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана ако се занимавате со физички активности, ако се обидувате да изгубите тежина или ако сте под стрес.
Овозможува побрзо закрепнување и раст на мускулите после вежбање, го намалува апетитот и го поттикнува губењето на тежината.

Помага во работата на крвните садови

Истражувањата покажуваат дека придонесува и за кардиоваскуларното здравје, бидејќи ја намалува гликозата во крвта и крвниот притисок. Дебелината, високиот крвен притисок, заморот и стресот се неволјите на модерниот живот кои можете значително да ги ублажите со редовно консумирање сурутка.

Одлична за забрзување на метаболизмот

Сурутката има млечна киселина, која го намалува прекумерниот број на габи и бактерии во цревата, а нејзиниот низок PH ја стимулира нивната работа. Консумирајте ја редовно при запек, надуеност, грчеви, дивертикулитис и хронично воспаление на цревата.

Овој стар домашен лек многу ќе ви помогне со следниве болести:

-чистење на телото од токсини
-хроничен замор и стрес
-дебелина и прејадување
-висок притисок
-паѓање на имунитетот
-стомачни тегоби
-заболување на црниот дроб

Можете сами да направите сурутка од сирово домашно млеко, да ја набавите од локални производители, на пазари или во продавници за органска храна. Козјата сурутка е најдобра, но и кравјата е одлична.

Најпрвин, пијте ја сурутката умерено, бидејќи има диуретично дејство. Можете да пиете 1,5 децилитри трипати на ден, а оваа доза можете постепено да ја зголемувате на еден литар дневно.

При проблеми со варење, измешајте една лажица сурутка во чаша вода и пијте пред секој оброк.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:здравјетоимунитетоткрвните садовиСуруткацрниот дроб
Претходен напис Доделени 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори во Прилеп
Следен напис Аплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?