Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доделени 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори во Прилеп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доделени 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори во Прилеп
Агровести

Доделени 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори во Прилеп

Последна измена: 21/06/2023 09:00
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги додели првите 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој.

Решенијата беа доделени на земјоделци од Прилеп и околните прилепски села.

По приемот на решенијата земјоделците имаат рок до 10 дена да ги посетат просториите на Агенцијата за финансиска поддршка и да потпишат договор по што би ја реализирале својата инвестиција.

-Поддршката која ќе ја добијат прилепските земјоделци преку програмата за рурален развој за набавка на нова механизација, односно набавка на нови трактори изнесува 47.5 милиони денари. Досега одобрени се вкупно 730 апликации по оваа мерка за што се одвоени 500 милиони денари. Со ваквата поддршка директно помагаме во процесот на модернизација на земјоделската механизација, намалување на трошоците за обработка на површините а со тоа и зголемување на конкуретноста на македонските земјоделци, истакна директорот Бачовски.

Финансиската поддршка се доделува по принцип на кофинансирање на вкупните прифатливи трошоци во висина од 50 – 75 отсто. По добивање на решенијата и склучување договор со Агенцијата, корисниците на финансиската поддршка во рок не подолг од 120 дена треба да достават барање за исплата со пропратна документација по што Агенцијата по административна обработка на истите ќе ја кофинансира инвестицијата.

Може да ви се допадне

Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
Серија земјотреси регистрирани во Охрид и околината
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
Таг:Прилепрешенијатракторифинансиска поддршка
Претходен напис МЗШВ: Земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади
Следен напис Го зајакнува имунитетот, моќна е за чистење на црниот дроб, придонесува за здравјето на крвните садови – Сурутка за долг живот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?