Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Аплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци
Агровести

Аплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци

Последна измена: 21/06/2023 10:24
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Преку новиот модел за субвенционирање земјоделците добиваат побрз и поефикасен модел за субвенционирање, а за 30% се зголемени субвенциите за репродуктивен добиток.

Во таа насока министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања од програмата за 2023 година, за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Крајниот рок на аплицирање за оваа подмерка е до 30 јуни 2023 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда и истите ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда, а ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година.
Висината на директните плаќања кај оваа подмерка изнесува 1.400 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Дополнителна субвенција за оваа подмерка добиваат земјодлеските стопанства кои имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на говеда и воедно не се корисници на директните плаќања од подмерката 2.3. од Уредбата за поблисските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максимланите износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на дополнителната субвенција изнесува 1.500 денари и истата се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 30 ноември 2023 година.

Потсетуваме дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или преку електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

Може да ви се допадне

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Состојба на патиштата
Отчет за сработеното во првата година на Владата
Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули
Од 1 јули целосно се забранува движењето низ македонските шуми
Таг:Аплицирајтеговедаженски грласубвенции
Претходен напис Го зајакнува имунитетот, моќна е за чистење на црниот дроб, придонесува за здравјето на крвните садови – Сурутка за долг живот
Следен напис Победнички зелени идеи за 2023: Регенеративна економија во мода и протеинска храна од инсекти и леблебија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?