Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Гаранција од Гарантниот фонд до 50 проценти од износот на кредитот за извоз преку Развојната банка


Големите домашни извозни компании со доминантна приватна сопственост кои реализирале најмалку 30 проценти од своите приходи од извоз во последната фискална година можат да добијат гаранција до 50 проценти од износот на кредитот за извоз.

Од Развојната банка денеска информираа дека со гаранцијата може да бидат покриени кредити чиј износ се движи од 3.075.000 денари до 30.000.000 денари.

Барањето за издавање на индивидуална гаранција може да се поднесе директно до Развојната банка, а  достапно е и на веб страницата на банката под Производи – Гаранции. По добивање на барањето, тоа се процесира и се издава индивидуална гаранција од Гарантниот фонд кон онаа банка или штедилница од која компанијата ќе го земе кредитот.

– На овој начин, преку гаранција од Гарантен фонд до 50 проценти од износот на кредит за извоз, се обезбедува значителна поддршка на извозниците во насока на обезбедување дел од колатералот за кредит. Како обезбедување за индивидуалната гаранција се користи меница, велат од Развојната банка.

Гаранцијата може да се движи од 1,5 милиони денари до 15 милиони денари и е овозможена преку воспоставувањето на кредитно-гарантна шема поддржана од државата.

Со дополнување на Законот за Развојна банка на Северна Македонија се формираше Гарантен фонд како посебна организациска единица. За Гарантниот фонд иницијално се одвоени средства во износ од 10 милиони евра, со што ќе може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 100 милиони евра. Во текот на 2021 година е предвидено зголемување на расположливите средства на Гарантниот фонд за дополнителни пет милиони евра, со што ќе може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 150 милиони евра. 

Извор: МИА

Сеп 24, 2021agrotim4
Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз, 72 отсто од вредноста на сите земјоделски штетиСледните денови сончево со значително повисоки дневни температури

Напишете коментар Откажи одговор

24/09/2021 ФондовиГарантниот фонд, Развојна банка181

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019