Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Галина Мирчева, фармерка која одгледува 1000 овци, нејзината приказна е неверојатно инспиративна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > (ВИДЕО) Галина Мирчева, фармерка која одгледува 1000 овци, нејзината приказна е неверојатно инспиративна
Сточарско производство

(ВИДЕО) Галина Мирчева, фармерка која одгледува 1000 овци, нејзината приказна е неверојатно инспиративна

Објавено 25/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Потешко е да се чуваат новородени јагниња отколку бебиња“. Вака тврди мајката на 4 деца, Галина Мирчева.

Галина Мирчева и нејзиниот сопруг долго време живееле во Шпанија, но решиле да се вратат во родната Бугарија и да отворат фарма. Сега имаат над 1.000 овци, но на почетокот не вило вака.

Во 2005 година таа и нејзиниот сопруг Борислав Василев почнале да се занимаваат со земјоделство – обработувале 7.000 декари земја, а подоцна одлучиле дека е добро да почнат да одгледуваат животни, бидејќи веќе имале обезбедено сточна храна. Изборот на Галина паднал на овците, затоа што мислела дека тие се полесни за чување отколку кравите. Почнале со 250 грла овци, што според неа е минимален број за отварање на фарма со овци.

„Немавме доволно пари, а оваа раса беше најевтина“, го објаснува својот избор Галина. „Па дури и за нив морав да земам заем од роднини, а потоа подигнав кредит“, раскажува таа.

И иако животните биле избрани се покажало дека расата е недоволно млечна. Затоа Галина почнала да работи на подобрување на производството на млеко со овци од израелската раса Асаф.

Под интензивни услови за размножување во Израел, овците Асаф се јагнат 3 пати во две години. Просечниот принос на млеко варира од 330 до 350 литри во различни години, а во некои фарми достигнува и 400 литри. Просечната плодност е 150-160 јагниња на 100 овци. Содржината на масти во млекото е 7,2 проценти, а содржината на протеини е 5,5 проценти.

„Дојдовме во Бугарија со огромна желба да работиме, да постигнеме нешто, парите спечалени со многу труд да ги вложиме во нешто што ќе ни донесе профит.“, раскажува Галина.

Погледнете ја нејзината извонредна приказна, како со многу работа, желба, знаење и љубов за една професија се постигнуваат резултати

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:бугаријагалинаовцисубвенциифарма
Претходен напис ОЈО Гостивар бара парична казна за жена што преку измама зела земјоделски субвенции
Следен напис Димковски: Субвенционирање на репроматеријали е тешко за спроведување, ќе доведе до нарушување на пазарот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?