Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

„Фруит Логистика“ – престижен саем, центар на водечките компании за производство и пласман на овошје и зеленчук


Саемите се настани кои се наметнуваат како неопходност доколку некоја компанија има планови за развој и стратегија за пласман на производите на странските пазари. Или, не можете да бидете надвор од овој свет, ако планирате да бидете дел од европскиот и светскиот пазар.

Во таа смисла, Фруит Логистика го има достигнато врвот, престижен саем по обем, посетеност, креативност на штандови, професионални претставници на компании, цели хали како слика на одредена држава и гордост во претставувањето.

Годинава во Берлин, Германија, од 8 до 10 февруари 2023 година семот вклучи седум платформи за презентација на производи: свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, сушено овошје, цвеќиња, билки, замрзнато овошје и зеленчук и органски производи. На посетителите им се понуди широк спектар на производи и настани како што се „Innovation Award FLIA“, „Start-up Day“, „Tech Stage“, „Logistics Hub“, „Future Lab“ и „Fresh Produce Forum“.

FRUIT LOGISTICA во Берлин дефинитивно е најдобриот саем кога се работи за овошје и зеленчук. Највлијателен за реализирање на идни соработки, освојување на нови пазари и понуда на новитети. Оттука, поддршката од МЗШВ за национален штанд на овој престижен саем има уште поголемо значење.

Секоја чест и за ангажманот на тимот од Швајцарскиот Проект ИМЕ – програма за зголемување на пазарната вработливост, кои сите денови додека се одржуваше саемот се ангажираa во обезбедување на контакти со сериозни компании кои ги поканија на штандот и обезбедија директни контакти со нашите стопанственици.

Убаво беше да се види големата заинтересираност од страна на посетителите на нашиот национален штанд. Се бараше место повеќе да се седне на иста маса со водечките компании во овој сектор кои беа заинтересирани за соработка.

Компаниите Хортена, Виториа Фруит, Флора Фреш, Туран, Фреш Лине Компани, и Румко ги презентираа своите производи пред голем број на потенцијални купувачи, претставници на ланци на супермаркети од ЕУ и светот, како и увозници и дистрибутери за свежо овошје и зеленчук. За време на саемот, на националниот штанд присуствуваа и Државниот секретар за земјоделство, шумарство и водостопанство Реџаил Исмаили и директорот на јавното претпријатие Агро Берза Ниметула Рамадани. Тие дадоа целосна поддршка и заедно со стопанствениците ги дискутираа можностите за унапредување на секторот и уште поуспешен заеднички настап на пазарите во иднина. Македонскиот штанд на Фрут логистика го посети и В.Д. Амбасадорот на Република Северна Македонија во Сојузна Република Германија, Васил Грков.

Охрабрувачки беше да се види како знаеме и можеме да делуваме заеднички во поддршката на македонските агрокомпании, оти нивната успешна работа е успех за целата држава.

Фруит Логистика по сите параметри го оправда статусот за водечки саем.

Во продолжение оставаме преку фотографиите сами да го „прошетате“ саемот… има што да се види.

Фев 13, 2023agrotim1
Бачовски: Инвестициите во модернизација на преработувачките процеси се секогаш во фокусот кога станува збор за ИПАРД фондотВремето денеска сончево со мала до умерена облачност и северен ветер

Напишете коментар Откажи одговор

13/02/2023 Агровестsaem, економија, зеленчук, најново, овошје, саем, странски пазари, фруит логистика347

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019