Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Засадени 5000 садници во близина на рудникот САСА
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > (ФОТО) Засадени 5000 садници во близина на рудникот САСА
Шумарство и водостопанство

(ФОТО) Засадени 5000 садници во близина на рудникот САСА

Објавено 07/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


И оваа година Рудникот САСА продолжува со реализацијата на долгорочниот проект за пошумување. Во најновата акција што се спроведе на 5 и 6 април засадени се нови 5000 садници од автохтони видови дрва на површина од два хектарa во околината на рудникот. Оваа акција беше реализирана во соработка со ЈП „Национални шуми“ и ЈП „Камена река“ од Македонска Каменица.

May be an image of 2 people, people standing, nature and tree
Фото/Facebook

„Програмата за планското пошумување е еден од долгорочните проекти за заштита на животната средина која ние во САСА со задоволство ја реализираме и во чија реализација продолжуваме да вложуваме. Со ваквите активности, покрај рекултивација на поранешните јаловишта, се врши и пошумување на околните предели, како и обнова и збогатување на постојниот шумски фонд.

May be an image of 4 people, grass, tree and nature
Фото/Facebook

На ваков начин, покрај за пејзажното уредување, се придонесува и за заштита на земјиштето од ерозија и се намалуваат ризиците од појава на одрони кои се чести во овие краеви. Воедно, натамошното зголемување на шумскиот фонд придонесува и за одржување на високиот квалитет на воздухот кој е карактеристика на овој предел, како и за ублажување на последиците од климатските промени што има големо значење за одржливиот развој на заедницата и е наша долгорочна цел“, вели Ивица Талевски, директор за одржлив развој на САСА.

Ангажманот и вложувањата на САСА во овој домен ќе продолжи и во иднина преку реализација на сопствени акции за пошумување, како и со учество во заеднички проекти со институции и организации од локалната заедница.


Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:саса
Претходен напис По „Дукат“ и „Виндија“ и трета хрватска компанија најави зголемување на откупната цена на млекото
Следен напис Исплатени се 112 милиони денари субвенции на 5.664 млекопроизводители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?