Затворањето на рудниците во басенот на јаглен во регионот во Северна Франција, кој се протега на десетици милји западно од белгиската граница иако довел до економски пад, се чини дека решението е најдено благодарение на промената на климата, односно затоплувањето, погодуваза одгледување винова лоза и производство на вино во тој дел од земјата, пренесува Ројтерс.
Виновата лоза таму била засадена пред една деценија, а во 2018 година првите шишиња вино биле продадени на локалното население и на малите продавници.

Виното го добило името „Charbonnay“ (Шарбоне), што е игра на зборови и кованица на името на познатата сорта на грозје шардоне и „шарбон“, што на француски значи јаглен.

Годинава сушата и температура на северот од земјава биле помали отколку на југот. Благодарение на тоа, производството би требало да се зголеми тројно во однос на 10-те хектолитри произведени во 2021 година.

Лозјата биле подигнати на ридови со згура. Во соседна Белгија, во близина на градот Шарлроа, исто така е засадена винова лоза, а насадот од 2019 година треба да ги произведе првите шишиња следната година.

Пред десет години, УНЕСКО на рударскиот басен му додели статус на светско наследство, што го симболизира индустриското наследство на Европа.

„Сигурен сум дека на луѓето кои работеле во рудниците би им се допаднало ако можеме да произведуваме добро вино“, вели винарот Хенри Џамет.

