Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЖСПП почна со постапката за изработка на Законот за заштита на почвите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЖСПП почна со постапката за изработка на Законот за заштита на почвите
Агровести

МЖСПП почна со постапката за изработка на Законот за заштита на почвите

Објавено 03/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска ја отвори работилницата „Развој на регулатива за управувањето со почвите“, со која официјално почна постапката за изработка на Законот за заштита на почвите.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Нуредини соопшти дека ресорното министерство пристапи кон подготвување на посебен закон со кој ќе се уреди управувањето и заштита на почвата, идните политики и мерки што треба да ги преземат националните и локалните власти и со кој јасно ќе се дефинираат институционалните надлежности и финансирањето во однос на заштитата на почвата.

Тој процес е поддржан преку проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели“, кој е финансиран од страна на Глобалниот инструмент за животната средина (Global Environmental Facility – GEF) и спроведуван од страна на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (United Nation Environment Programme – UNEP), и во чии рамки се одржа и оваа работилница.

На работилницата беше презентиран Планот за вклучување на чинителите во изработката на Законот за заштита на почвите со што, како што се наведува, ќе се даде основа за транспарентно и јавно вклучување на сите заинтересирани страни во изработката на законот. Се дискутираше и за предизвиците околу управувањето со почвите и притисоците кои негативно влијаат врз квалитетот на почвите.

-Целта на работилницата беше да ги идентификува сите чинители кои имаат надлежности врз почвите и со своето дејствување влијаат врз квалитетот на почвите, како еден од медиумите на животната средина. Таа е прва од низата работилници и дебати кои ќе бидат организирани во рамките на проектот, кои ќе придонесат кон изработка на добра правна рамка за заштита на почвите низ транспарентен процес. Почвата ја обезбедува примарната основа за егзистенција и благосостојба на луѓето, вклучувајќи го снабдувањето со храна, слатка вода и повеќе други екосистемски услуги, како и ја обезбедува егзистенцијата на биодиверзитетот. Човечката употреба директно влијае на квалитетот на почвата на повеќе од 70 отсто од глобалната копнена површина, не вклучувајќи ја површината под мраз. Почвата, исто така игра важна улога во климатските промени и одржливото управување и значајно може да придонесе за намалување на негативните влијанија на повеќе стресни фактори, стои во соопштението, пренесува МИА.

Од МЖСПП информираат дека во Република Северна Македонија почвата останува единствен медиум од животната средина кој се уште не е правно уреден и кој се користи, пред се како ресурс, без притоа да има утврдени мерки кои треба да се преземат поради добро управување и заштита на почвите.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Законзаштита на почвитеМЖСПП
Претходен напис Во Неготино почнува распределбата на картичките за зелена нафта
Следен напис (ФОТО) Од лозјата над затворените рудници за јаглен во Франција се произведува вино, но не шардоне, туку шарбоне
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?