Жителите на Астрахан се сведоци на апокалиптични глетки – поради песочната бура што го зафати градот луѓето тешко дишат, пренесува телевизијата Звезда.
„Песочната бура продолжува, прекри неколку градски подрачја. Дојде од правец на Камикија“, соопштило регионалното одделение на Министерството за вонредни ситуации.
Бурата е следена со силни налети на ветер, чија сила, според податоците на метеоролозите достигнувала до 15-20 метри во секунда.
Извор: rs.sputniknews.com
