Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Проект: Лед светилки за подобрување на растот на растенијата и намалување на употребата на пестициди до 50%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > (Фото) Проект: Лед светилки за подобрување на растот на растенијата и намалување на употребата на пестициди до 50%
Совети

(Фото) Проект: Лед светилки за подобрување на растот на растенијата и намалување на употребата на пестициди до 50%

Објавено 18/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Холандија е несомнено еден од лидерите во областа на земјоделството во Европа, но и во светот. Тајната на нејзиниот успех е во т.н „златниот триаголник“ на соработка меѓу научната заедница, приватниот и владиниот сектор. Оваа мрежа на клучни актери во областа на земјоделството овозможува дизајнирање и имплементација на успешни иновации кои последователно и го носат на Холандија статусот на гигант во светското земјоделство. Но, вратата не е затворена за соработниците од другите области, како уметноста! Еден од производите на ваквата соработка е проектот GROW.

Проектот GROW е проект на холандскиот уметник и иноватор Daan Roosegaarde инспириран од фотобиолошките технологии, кои укажуваат дека одредени комбинации на сина, црвена и ултравиолетова (УВ) светлина можат да го подобрат растот на растенијата и да ја намалат употребата на пестициди до 50%.

Проектот е реализиран во соработка со уметникот од Универзитетот во Вагенинген и холандската Рабобанк со цел да се испроба „светлосниот рецепт“ на поле на праз од 20.000 м2 во Лелиштад. Специјализираните LED диоди обично се користат за одгледување на култури во оранжерии и се почесо се гледаат на „вертикалните фарми“ во градовите. Меѓутоа, научниците веруваат дека постои потенцијал за употреба на LED диоди во традиционалните рурални средини, што е прикажано од проектот GROW.

LED светилките со соларна енергија ја зголемуваат количината на светлина што растенијата обично ја добиваат во текот на денот. Дополнително, проектот GROW истражува дали краткорочната изложеност на одредени бранови должини на УВ може да ја намали потребата од пестициди. Специфичната ултравиолетова светлина го активира одбранбениот систем на растението, а она што е интересно е што влијае на сите култури. На тој начин се овозможува намалување на употребата на пестициди.

Планот е проектот GROW, како и самата инсталација, да бидат претставени во 40 различни земји за да може „светлосниот рецепт“ да се тестира и во други климатски услови, земајќи ги предвид спецификите и културата.

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), одржливата храна и земјоделството се клучни фактори за исполнување на сите четири столба на безбедноста на храната – достапност, пристап, употреба и стабилност. Реализацијата на проекти како што е GROW е клучно за воспоставување одржливо земјоделство.

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:лед светла
Претходен напис (Видео) Ковачевски доби црвено јаболко од бугарска новинарка
Следен напис Министерот Николовски и директорот на АХВ, Бабовски, разговараа за идните мерки за справување со африканската свинска чума
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?