Македонскиот премиер Димитар Ковачевски од една од бугарските новинарки кои известуваат од посетата на Кирил Петков во земјава доби на подарок црвено јаболко.
-Господине Ковачевски, дозволете ми да ви подарам здраво црвено бугарско јаболко во знак на доверба дека ќе го запазите единството меѓу С Македонија и Бугарија – рече новинарката, подарувајќи му го јаболкото и посакувајќи му успех на премиерот.
