Нивоата на повеќето реки во земјава се под просекот за август, покажуваат денешните хидролошки мерења. Драстичен пад бележат Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Лепенец кај Скопје и Треска кај Македонски Брод. Според УХМР, водостојот на Преспанско Езеро два сантиметра под апсолутниот минимум.
