Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Искуства на наши земјоделци – Боне Спасовски одгледува ран компир под фолија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (ФОТО) Искуства на наши земјоделци – Боне Спасовски одгледува ран компир под фолија
Растително производство

(ФОТО) Искуства на наши земјоделци – Боне Спасовски одгледува ран компир под фолија

Објавено 06/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Боне Спасовски од село Виничани, Општина Градско, веќе трета година сади ран компир под фолија. Семето што го користи се увезува од Холандија. Потребно е да се изберат сорти на компир со покуса вегетација од 55 до 65 дена. При изборот на сортата пожелно е земјоделецот да се консултира со стручно лице бидејќи на пазарот се нудат разни сорти по квалитет и вегетација на зреење. Изборот на сортата е еден од важните фактори за остварување на висок принос.

За да се остварат високи приноси од раните сорти на компир, земјоделците треба да применуваат соодветна модерна технологија и норми на ѓубрива и наводнување. Како важна агротехничка мерка количествата на ѓубре имаат за цел да обезбедат доволно хранливи материи за остварување високи приноси.

„Почвата се подотвува во текот на есента, кога се врши орање, фрезирање, пред браздењето се става основно ѓубре Јара на 100 квадрати 15 килограми, а во системот капка по капка се додава кристално ѓубре. Најважно е компирот да биде нагрнат што повеќе“, објаснува Боне.

Најоптимален рок за садење на рано производство на компирот е кога температурата на почвата изнесува 7-8 степени Целзиусови. Во пластениците компирот може двојно да се заштити со употреба на втора фолија или Агрил, која со голем успех го заштитува раниот компир без ризици за измрзнување. Во врска со густината на садењето на компирот во пластеници се препорачува густина (60х30 = 51.000 растение по хектар).

Ѓубривата се применуваат на три начини, со заорување, пред сеидба со прихранување и прихранување со наводнување капка по капка. Количествата на комплексните ѓубрива се движат од 800 до 1000 кг по хектар. Раниот компир бара ѓубрива во одделни елементи кои се лесно растворливи во зависност од типот на земјиштето.

Недостатокот на вода негативно влијае на приносот и квалитетот на клубените.
Доколку се задоцни со наводнувањето, можат да се јават несакани појави: израстоци на клубените, пукање на клубените по површината и внатрешно пукање.

Боне, кој вади по 600 килограми компир на фолија има обезбеден пласман и е задоволен од продажбата на раниот компир. Планира да подигне и нов лозов насад на надморска висина од 430 метри, на 17 декари ќе посади 5500 прачки увезени од Италија, кои ги набавил за 84 денари прачка.

Може да ви се допадне

Во Струмица работилница „Управување и рециклирање на пластична фолија за земјоделските култури во Македонија“
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:ран компирфолија
Претходен напис Субвенциите за лозарите ќе бидат исплатени по усвојувањето на програмите на Владата, најавува Бачовски
Следен напис Земјоделците да не стравуваат од евентуални штети поради ниските температури, велат агрометеоролозите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?