Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО ГАЛЕРИЈА) „Вкуси ја традицијата“ – Прв национален саем за храна и пијалаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > (ФОТО ГАЛЕРИЈА) „Вкуси ја традицијата“ – Прв национален саем за храна и пијалаци
Саеми и манифестации

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) „Вкуси ја традицијата“ – Прв национален саем за храна и пијалаци

Објавено 12/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под мотото „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“ денеска пред езерцето во скопскиот Градски парк се одржа Првиот национален саем за храна и пијалаци во организација на Слоуфуд Македонија со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија го презентираа македонското земјоделство и гастрономија.

На просторот во Градски парк, на штандовите се подготвуваше вкусна традиционална храна од познати готвачи, а имаше и детско катче, со цел на децата одблизу да им се претстават домашните земјоделски произвоиди, храна и пијалаци.

-Ова е вистинската слика за тоа што значи оваа наша македонска земја – богатство на вкусови, мириси, бои и богатство за сите сетила. Затоа и манифестации како оваа посветени на македонското земјоделство и гастрономијата, кои ја имаат мојата и владината поддршка, се многу важни, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на саемот.

Тој нагласи дека на нашата македонска трпеза се вкрстуваат вкусовите на многу цивилизации кои создале многу уникатни и колоритни превкусни комбинации кои се одамна дел од нашата традиција.

– Сето ова кое денес го гледаме и кое ќе имаме можност да го вкусиме, сето ова ние имаме неверојатна можност да ни е секојдневие, и за тоа, сме исклучително благодарни. Јас знам, дека јас сум благодарен. Ова богатство го нема никаде на друго место во светот, рече Ковачевски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски рече дека денешниот саем е пред се, саем на македонските производи, на македонската храна и на македонската традиција.

-Би сакал преку денешниов саем – „Вкуси ја традицијата”, да ја испратам клучната порака, да ја почитуваме храната, да си ја чуваме традицијата наследена од нашите баби и дедовци, бидејќи таа е најголем доказ дека овде векувал народ кој со генерации ја пренесувал убавината и радоста на животот. Искрено посакувам, овој саем да има одржливост низ годините, да се развие во култен настан кој ќе ја слави македонската храна и традиција и да прерасне во долгогодишен проект, рече Николовски.

Нагласи дека годинава Министерството поддржа 50 различни манифестации и саеми дома и 15 надвор од државата.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Втор Национален саем за храна и пијалоци – Вкуси ја традицијата
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Таг:Вкуси ја традицијата
Претходен напис Потпишани 29 договори за реализација на развојни проекти во осумте плански региони во вкупен износ од над 422 милиони денари
Следен напис Саботни цени на зеленчукот и овошјето на пазарот во Ѓорче Петров
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?