Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Фирма од Гевгелија прва во земјава воведе покривање на лозови насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (Фото) Фирма од Гевгелија прва во земјава воведе покривање на лозови насади
Растително производство

(Фото) Фирма од Гевгелија прва во земјава воведе покривање на лозови насади

Објавено 14/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фирмата „Виторија Фруит“ од Гевгелија, со финансиска поддршка на програмата за зголемување на пазарната вработливост, прва во земјава воведе производство под најлонска покривка која по употребата може да се рециклира, со што се штити животната средина.

Фото: Facebook

„Нашата фирма прва во земјава имплементира производство на грозје под покриени насади со најлон од кое очекуваме повеќе придобивки како порано зреење на грозјето и продолжување на сезоната за берба, со што пазарната присутност на нашето грозје на европските пазари ќе биде на рамниште со производителите од Италија, Шпанија и Грција“, изјави Иван Шуклев, комерцијален директор кој нагласи дека поранетиот старт на бербата на грозјето ќе овозможи и нови вработувања во „Виторија Фруит“.

Фото: Facebook

Покрај тоа, велат од фирмата, производството под најлон ќе го зголеми квалитетот на грозјето поради можноста за поголема контрола на шеќерите, заштита на плодот од сончеви дамки и подобар изглед на зрното.

„Се надеваме дека нашата успешна приказна ќе инспирира и други производители на грозје од земјава да имплементираат ваква пракса“, истакнуваат од „Виторија Фруит“.

Фото: Facebook

Проектот за зголемување на пазарната вработливост трае 11 години и има вкупен буџет од 15,5 милиони швајцарски франци што ги обезбедува Швајцарската агенција за развој и соработка.

https://www.facebook.com/vittoriafruit/

извор: МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Најстудено во Маврови Анови и Лазарополе, најтопло во Гевгелија
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:виторија фруитГевгелијашуклев
Претходен напис Ова сирење е прогласено за најопасно во светот
Следен напис МЖСПП: Започнува чистењето на линданот од малата депонија во Охис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?