Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Чудесната градина на Дубаи е вистинска земја на чудата – Има повеќе од 250 милиони растенија, а целата градина се наводнува со прочистена отпадна вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Чудесната градина на Дубаи е вистинска земја на чудата – Има повеќе од 250 милиони растенија, а целата градина се наводнува со прочистена отпадна вода
Магазин

(ФОТО) Чудесната градина на Дубаи е вистинска земја на чудата – Има повеќе од 250 милиони растенија, а целата градина се наводнува со прочистена отпадна вода

Објавено 26/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако од нешто ќе ви застане здивот, тогаш тоа е дефинитивно Miracle Garden во Дубаи, која се простира на 72.000 квадратни метри и е дом на повеќе од 250 милиони различни цвеќиња и растенија. Неколку стотици работници работат на одржување на градината, а растенијата се наводнуваат со прочистена отпадна вода од Дубаи.

Концептот на проектот на првата ваква градина е создаден како дел од договорот помеѓу областа Дубаиленд и Дубаи Пропертис Груп, а вкупниот трошок се проценува на 11 милиони долари. Откако првата фаза од проектот беше завршена и отворена во февруари 2013 година, која се состоеше од 2000 квадратни метри надворешни објекти вклучувајќи вертикално и хоризонтално уредување на околината, развојот на првата фаза траеше два месеци, а биле потребни 400 работници и градинари.

Втората фаза од проектот започна во средината на јуни 2013 година и беше завршена во октомври. Опфати 70 проценти проширување на првичните 2.000 квадратни метри и вклучуваше додавање на цветен часовник, градина со пеперутки, продавници и џамии, сето тоа во цветни и растителни изданија и инсталации.

Она што ја прави посебна оваа чудесна градина е нејзиното одржување. Цвеќињата се одржуваат и се наводнуваат со повторна употреба на прочистена отпадна вода со методот на наводнување капка по капка со просечна количина од 757.082 литри вода дневно. Како што тврдат претставници на Dubai Miracle Garden, овој дел од Дубаи каде што се наоѓа градината, ја повлекува отпадната вода од градот и ја праќа директно во градината каде што повторно ја филтрираат водата и ја претвораат во висококвалитетна вода за употреба во градината.

Градината се наводнува дури откако навечер ќе се затвпри за посетители. Покрај тоа, во 2015 година Dubai Miracle Garden ја отвори Dubai Butterfly Garden, најголемата и прва затворена градина на пеперутки во светот и уточиште за повеќе од 15.000 пеперутки од 26 видови во регионот. Оваа уникатна градина е отворена од октомври до април секоја година. Затворена е од мај до септември поради високите температури кои во просек се 40 °C. Цената на билетот е 13 евра за возрасни и 9 евра за деца.

Може да ви се допадне

Ролат со џем од вишни
Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Таг:Dubai Miracle Garden
Претходен напис ЕУ со еден милион евра го финансира подобрувањето на српскиот пазар на месо
Следен напис Зошто во туршијата се става аспирин?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?