Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ со еден милион евра го финансира подобрувањето на српскиот пазар на месо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ со еден милион евра го финансира подобрувањето на српскиот пазар на месо
Агровести

ЕУ со еден милион евра го финансира подобрувањето на српскиот пазар на месо

Објавено 26/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Унија со еден милион евра ќе го финансира подобрувањето на пазарот на месо во Србија, со цел да се поддржи воспоставувањето систем за класификација на говедски и свински трупови во согласност со заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Експерти од Шпанија и Латвија кои ќе соработуваат со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија ќе го спроведуваат овој проект во следните 18 месеци, соопштија од ресорното министерство.

Општата цел на проектот е да ги насочи производителите на месо кон барањата на пазарот и потрошувачите, како и да го подобри квалитетот на производството на месо и транспарентноста на пазарот на месо во Србија. Проектот би требало да резултира со воспоставување на задолжителен систем на класификација на говедски и свински трупови на линијата за колење и известување за нивните цени во согласност со регулативите на Европската Унија, како и примена на дефиниции, налепници и продажни етикети.

Помошникот министер за земјоделство и водач на проектот, Ненад Катаниќ објасни дека во текот на реализацијата на проектот ќе се работи на воспоставување систем за класификација на трупови во согласност со заедничката земјоделска политика на ЕУ, изготвување подзаконски акти и утврдување на националната формула за класификација на свински трупови на линијата за колење, соопшти Министерството.

Тој додаде дека активностите се однесуваат и на обука на класификаторите, контролното тело и надлежните инспекциски органи и воспоставување на системи потребни за спроведување на правилата и мерките за регулирање на пазарот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Европска унијаеумесо
Претходен напис Бабовски учествува на состанок на Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храната во Прага
Следен напис (ФОТО) Чудесната градина на Дубаи е вистинска земја на чудата – Има повеќе од 250 милиони растенија, а целата градина се наводнува со прочистена отпадна вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?