Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фондот за иновации со 2 милиони евра ги помага новите бизнис идеи: На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Фондот за иновации со 2 милиони евра ги помага новите бизнис идеи: На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица
Јавни огласи и повициФондови

Фондот за иновации со 2 милиони евра ги помага новите бизнис идеи: На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица

Објавено 16/07/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик Стартапувај 4, со кој вкупно 2 милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем.

Јавниот повик „Стартапувај 4” е четврти по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. Целта е да се поттикне иновативноста кај компаниите и реализација на нивните бизнис идеи. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

„Вложувањето во стартапите е долгорочна инвестиција која има позитивни ефекти врз економијата во целост. Но поддршката која им е потребна на стартапите е клучна за да можат успешно да ја реализираат својата визија. Свесни сме дека пристапот до финансии е најголем проблем со кој се соочуваат македонските стартап компании, и токму во овој дел ФИТР преку јавниот повик Стартапувај 4 им даваме максимална поддршка за нивен побрз развој, олеснет пристап до финансии и пристап до глобални пазари. Во портфолиото на ФИТР, над 50% се стартап компании и сигурен сум дека иднината им припаѓа токму на нив” изјави Фестим Халили, директор за Фонд за иновации и технолошки развој.

Халили истакна дека добиените средства на повикот се неповратни, со што македонските стартап компании добиваат шанса својата идеја да ја претворат во успешен бизнис проект. Од вкупниот буџет на повикот, Фондот ќе обезбеди 40.000 евра (до 90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до три години на постоење, односно до 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење. Преостанатиот износ од 10% односно 15% од вкупниот буџет за проектот ги обезбедува апликатнот.

На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица. Во овој случај, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот.

Во однос на активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање, ќе бидат поддржани активности за истражување и развој, развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање и други. Како подобни трошоци ќе се сметаат: бруто платите за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот, набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, како и поддоговорни услуги за истражување и развој.

Јавниот повик „Стартапувај 4” е отворен до 08 Август 2022 година, до 14.00 часот, а целата проектна документација и начинот на аплицирање се достапни на веб страната: https://fitr.mk/startapuvaj4/

Повеќе информации околу повикот и аплицирањето можете да добиете од АГРОТИМ, на е-пошта: info@agrotim.mk или на телефонскиот број 071 225 345.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:економијамилиони евранајновонепвратнистартапфонд за иновации
Претходен напис Во очекување на најавениот повик за Мерка 3 од ИПАРД: 5 милиони евра неповратни средства за фотоволтаици, машини, нова технологија, механизација…
Следен напис Започна завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?