Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Започна завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“
Магазин

Започна завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“

Објавено 17/07/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Настанот го отворија сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Извршната директорка на ЦУП г-ѓа Неда Малеска Сачмароска, проектната координаторка во ЦУП г-ѓа Јасна Пајковска, претставникот на канцеларијата на USAID North Macedonia г-дин James Stain и градоначалникот на Општина Охрид г-дин Кирил Пецаков

Во рамки на конференцијата следат две панел дискусии од кои едната е на темата “презентација на резултати од проектот” а другата на тема “предлог политики за развој на женско претприемништво”.

Во рамки на панелите претприемачките учеснички во менторската програма ќе имаат можност да ги споделат своите искуства

📌 После панел дискусиите следува изложбениот дел на конференцијата – базар на жени занаетчии на главниот плоштад во Охрид

„Финалната конференција „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ и базарот на кој учествуваа повеќе претприемачки во Охрид беше можност да придонесеме кон поголема препознатливост и вмрежување на женските бизниси. Пораката е јасна – родовата еднаквост и економското зајакнување на жените се еден од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество“ – напиша на Фејсбук, сопругата на Претседателот на РСМ г-Елизабета Ѓоргиевска.

Конференцијата е организирана во рамки на проектот Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19 имплементиран од ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy и канцеларијата на УСАИД во РСМ

Евидентно е дека 78,9 од жените претприемачки се соочуваат со немање поддршка во финансирање на нивните бизниси, додека 43,7% се изјасниле дека потребни им се програми за отпочнување сопствен бизнис, се само дел од податоците од анкетата на Националната платформа за женско претприемништво спроведено во 2021. Затоа се потребни владини мерки за поддршка на женското претприемништво велат од Центарот за управување со промени како организатори на завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19″ која се одржа во Охрид.

– Би сакале да упатиме апел до централната и локалната власт дека потребни се адекватни мерки и политики за поддршка на претприемачките во пристапот до финансирање на женските бизнис идеи за основање, раст и развој на компаниите. Во иднина корисни би им биле микрокредитните програми, оформувањето на државен фонд за отпочнување и развој на бизниси, како и грантови и субвенционирања на трошоците за камати, но и програмите со нови облици на финансирање. Од особено значење би им било донесување на мерка за дигитализација со цел трансформирање на бизнисите, која ќе овозможи едукација на жените – дигитална писменост, како и фискална поддршка за капитални инвестиции. – потенцираа од Центарот за управување со промени (ЦУП).

Извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска-Сачмароска, порача дека секаде во светот па и кај нас, женското претприемништво значително ќе порасне со примената на новите дигитални технологии. Жените претприемачки веќе се препознаени како клучни придонесувачки за раст на националните економии и подобрување на условите на локално ниво.

– Со проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19″ поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID овозможивме повеќе иницијативи за развој на мали женски бизниси и насоки како да се прошират и воведат иновации во своето работење. Сите овие иницијативи треба да ги сметаме за почетни чекори кон градење политики на блиска институционална и социјална соработка, така што споделувањето на позитивни бизнис практики, како и нивно преструктуирање во услови на пандемија и економска криза со донесување на конкретни владини мерки за нивна поддршка, се важни чекори за опстанок на женското претприемништво, истакна Малеска-Сачмароска.

Според ЦУП мерката за унапредување на занаетчиките ќе ги подобри условите за нивно функционирање и опстојување, една од мерките која се потенцираше е мерка за намалување на сивата економија која директно и драстично би ги намалила приходите на регистрираните занаетчики.

– Во комуникација со туристичката комора, согледано е дека последиците од Ковид кризата во туризмот беа најевидентни. Затоа како мерка потребна е силна поддршка од државата, финансиска, но и во форма на промоција. Финансиските пакети изминатиот период дадоа ефект на краток рок, но секторот туризам, за да може да продолжи да се враќа во нормална и дополнително да се развива, поддршката мора да продолжи. – истакнуваат од ЦУП.

На завршната конференција на проектот говореа Елизабета Ѓоргиеска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија како покровител на настанот; Џејмс Стеин, претставник на канцеларијата на УСАИД и Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Резултатите од проектот ги претстави проектната координаторка, Јасна Пајковска, а женските претприемачки кои биле дел од проектот ги пренесоа научените лекции и корисни поддршки кои им овозможиле раст и развој на нивните бизниси. Во делот посветен на „Предлог политики за развој на женско претприемништво” се обратија претставниците од ЦУП, Министерство за економија, Општина Охрид и од Националната Платформа за Женско Претприемништво во југозападниот плански регион.

По завршувањето на конференцијата триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на плоштадот во Охрид ги претставија своите дела инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Елизабетажениохридпретстедателсопругаусаид
Претходен напис Фондот за иновации со 2 милиони евра ги помага новите бизнис идеи: На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица
Следен напис Регулаторна го укина надоместокот за мрежарина за лицата што произведуваат и продаваат струја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?