До недела времето ќе биде стабилно, со сончеви периоди во текот на денот, информира УХМР. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
Во почетокот на идната недела ќе има услови за слаб локален дожд.
Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно, во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температура ќе се движи од еден до 15 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец и температура од осум до 14 степени.
УХМР

