Улогата на дигиталната иновација во земјоделството е да се искористи моќта на дигиталните технологии да пилотираат, забрзаат и го зголемат обемот на иновативните идеи со висок потенцијал за позитивно влијание во земјоделството и производсвото на храна.
Дигиталното земјоделство идеално води кон економски раст со тоа што им овозможува на земјоделците да извлечат максимално производство од својата земја. Навремените и точни информации придонесуваат кон донесување на правилни и навремени одлуки што резултира со успех во одгледувањето на земјоделските култури, зголемена продуктивност и зголемени приходи.
Врз основа на член 27 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18), Фондот за иновации и технолошки развој на ден 16.03.2021 година, го објавува Јавниот повик „Предизвик за Дигитализација на земјоделство”.
Овој предизвик на Фондот се реализира во партнерство со Минстерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).
Земјоделските технологии кои можат да претставуваат прифатлива инвестија во овој Јавен повик, вклучува широк спектар на производи, услуги или апликации поврзани со земјоделството: беспилотни летала, сателитски фотографии и сензори, мрежи на сензори засновани на IoT, следење на временски прогнози, автоматско наводнување, контрола на светлина и топлина, интелигентна анализа на софтвер за предвидување на штетници и болести кај растенијата, биотехника, управување со земјоделска механизација, управување со почвата како и решенија засновани на апликации со кои земјоделците преку нивните паметни телефони можат да добијат информации за цените на земјоделските култури, сезоната на сеење, имплементација на агротехнички мерки, техниките за берба, кога и каде да ги продаваат своите производи и сл.
Времетраење на проектот
Спроведувањето на проектот може да биде до 12 (дванаесет) месеци.
Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до 6 (шест) месеци.
Буџет на проектот
За финансирање на проекти во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од 6.000.000 (шест милиони) денари.
За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 (еден милион и петстотини илјади) денари. Од страна на Натпреварувачот треба да бидат обезбедени минимум 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Кој може да алицира?
Право на учетво на овој Јавен повик имаат фирми кои ги исполнуваат следнит усливи:
- Да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
- Во моментот на аплицирање да не се поминати повеќе од 6 години од денот на основање на трговското друштво;
- Да е со мнозинска македонска сопственост (со 50,1% или повеќе);
- Годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра во претходните две фискални години, според финансиските извештаи;
- Да е претпријатие со максимум 250 вработени;
- Да не е поврзан (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие чии годишни приходи надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра и просечен број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на капитална поврзаност со високообразовна, односно научно-истражувачка установа;
- Против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
- Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
- Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
- Да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis), односно:
- Да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 (двестотини илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
- Да нема акумулирано повеќе од 100.000,00 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако претпријатието е активно во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
- Да не е во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието) и
- Да не се занимава со производство на јаглен.
Рок на пријавување
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 16.04.2021 година, до 14:00 часот.
Јавниот повик во целост е објавен на Веб страната на Фондот за Иновации и технолошки развој https://fitr.mk/agrodigital/
Напишете коментар