Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со ИСО стандард за спречување на корупција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со ИСО стандард за спречување на корупција
Агровести

ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со ИСО стандард за спречување на корупција

Објавено 17/02/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој го имплементираше ISO 37001:2017, со што станува првата државна институција сертифицирана со меѓународниот Стандард за спречување на корупција. Стандардизацијата за спречување на корупција има за цел континуирано и темелно спроведување на политиката на нула толеранција за мито и корупција. Усогласеноста со овој меѓународен Стандард овозможува имплементација на разумни и пропорционални механизми за превенција и откривање, како и конкретни мерки против корупцијата.

„Борбата против корупцијата и криминалот е еден од врвните приоритети на Владата, и затоа бара вклученост од сите институции. Во таа насока од исклучителна важност е меѓуинституционалната соработка, размената на информации и координации, на што од почетокот на мојот мандат ставив посебен фокус. Фондот за иновации и технолошки развој е позитивен пример за вклученоста на институциите во спречувањето на корупција. Драго ми е што ФИТР е првата државна институција која го доби ИСО сертификат 37001, со кој се определуваат обврските и должностите на Фондот во делот на спречување корупција, одговорностите на вработените во спроведување на активности поврзани со спречување на мито и корупција и друго. Имлементацијата на овој сертификат, очекувам да придонесе за подигнување на свеста за негативните последици од корупцијата за целокупното општество и да даде придонес во целиот процес. Како координатор на надлежните антикорупциски институции, овој сертификат ќе предложам да го имплементираат и останатите државни институции. Борбата против корупцијата и криминалот е заедничка, и очекувам сите да дадеме придонес во искоренувањето на оваа појава што го поткопува општеството, буџетот, економијата и враќа државата назад”, изјави заменик на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Воведувањето на ИСО 37001:2017 ги вклучува и вработените, нивната одговорност и работа која треба да биде посветена на јавниот интерес, како и на ангажираните лица во Фондот и други лица поврзани со институцијата во спроведување на активности поврзани со спречување на мито и корупција и примена на принципите дефинирани во Политиката на Фондот. За таа цел, обезбедени се информации и упатства како за вработените така и за ангажираните лица и поврзаните лица со Фондот, со цел препознавање и справување на проблеми поврзани со мито и корупција.

„Сертифицирањето беше спроведено на иницијатива на Фондот а обезбедувањето на глобално призанен Стандард претставува уште една потврда за успешноста на процесите и политиките на ФИТР. Верувам дека сертификацијата ќе ја надгради довербата кон Фондот како институција која претставува значаен промотор на иновациската дејност, технолошки и економски раст и развој во државата. Се надевам дека ФИТР ќе биде и силен импулс за другите државни институции, да го следат нашиот пример за сертификација и спроведување на овој Стандард, како иницијатива повеќе за транспарентен и одговорен јавен сектор.” – посочи Коста Петров, директор на ФИТР.

Процесот на стандардизација и имплементирање на ИСО 37001:2017 во ФИТР, се одвиваше во изминатите 6 месеци.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИСО 37001:2017спречување на корупцијастандардФИТР
Претходен напис Нова средба за договорно производство на пченка во петок, село Новаци – Битолско
Следен напис ЛИДЛ конечно доаѓа во Македонија!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?