Врз основа на член 33 став 2 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија” 61) 287/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 8 февруари 2022 година, донесе ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА микро ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ВИНО ЗА 2022 ГОДИНА.
Со оваа програма ќе се реализираат активности за финансирање на субјекти кои се регистрирани како производители на вино.
Средствата оваа програма се наменети за доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема и основни средства кои имаат за цел:
- остварување на додадена вредност на примарното производство;
- развој на производи со традиционални каректеристики
- зголемување на конкурентноста,
- развој на нови семејни бизниси од обласга на производство на вино.
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК
Корисници на финансиската поддршка се земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се регистрирани како производители на вино со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно.
Финансиска поддршка согласно оваа програма можат да остварат корисниците кои:
- од 1 јануари 2020 година се впишани во Регистарот на производители на вино се впишани во Регистарот на регистрирани објекти
- оператори со храна за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е правно лице) или
- се впишани во Евиденцијата на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е физичко лице).
ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:
-трошоци за набавка на опрема за производство на вино во висина до 90% и
– трошоци за ангажирање на стручно лице (енолог) во висина до од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.
За доделување на финансиската поддршка согласно оваа програма, Миниистерството за земјоделство , шумарство и водостопанство, на веб страницата www.mzsv.gov.mk објавуви отворен јавен повик за прибирање на барањата за финансиска поддршка.
Финансиската поддршка согласно оваа програма се остварува со поднесување на барање до Минисгерството за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино.
Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно оваа програма.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Кон барањето, барателот треба да ги достави следните документи:
- копија од важечка лична карта (кога барателот е физичко лице);
- тековна состојба издадена од Централниот регистар не постара од еден месец (кога барателот е правно лице);
- извод од Регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е правно лице);
- извод од Евиденцијата на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е физичко лице);
- решение за упис во Регистарот на производители на вино;
- деловен план кој содржи преглед на постоечка состојба, план за инвестиции, финансиски план и план за продажба и
- изјава заверена на нотар дека не користел средства од друти извори за иста намена и активности наведени во барањето што би значело двојно финансирање на истите намени и активности од различни извори.
Барањето за доделување на финансиската поддршка согласно оваа програма може да се обезбеди преку веб страната на Министерсгвото: www.mzsv.gov.mk. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот.
За постапување по поднесените барања за доделување на финансиска поддршка поднесени согласно оваа програма, од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство се формира Комисија, составена од три члена и нивни заменици од редот на вработените во МЗШВ. Комисијата, по пристигнувањето на сите барања согласно рокот утврден во јавниот повик, ги известува барателите кои не доставиле комплетна документација, да ги докомплетираат истите во рок од седум работни дена.
Барателите кои не доставиле уредна и комплетна документација и кои не ги исполнуваат условите нема да бидат наведени во листата. Комисијата, по истекот на рокот, со записник го утврдува точниот број на пристигнати барања и изготвува Листа на баратели кои ти исполниле условите за доделување на финансиска поддршка согласно оваа програма и имаат уредна и комплетна документација подредени согласно рокот на доставување на комплетно барање врз основа на принципот „прв дојден, прв услужен” во која е содржан и прифатливиот износ за финансиска поддршка.
Средствата за финансиска поддршка ќе се доделуваат врз основа на склучен договор од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водосгопанство со секој корисник поединц за одобрените средства наведени во листата почнувајќи од првиот барател на листата па редоследно до исцрпување на средствата предвидени со оваа програма.
Одобрените средства во вкупниот износ се исплаќаат авансно на сметката на корисникот согласно утврдениот рок.
РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА
Крајниот рок на доставување на барањата за финансирање е најдоцна до 30 април 2022 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.