На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека заради новиот есенски бран на ширењето на заразата со Ковид 19, oд Комисијата до Владата ќе бидат доставени неколку предлози за воведување на нови мерки за заштита, меѓу кои и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот. Тој исто така соопшти дека ќе предложат носење на заштитни маски на отворено, со исклучок при спортување, при транспорт со приватно возило доколку сите се од едно семејство и за децата до 6 години. Целта на ова е да се спречи префрлувањето на забавите и групирањето од угостителските објекти во домашни услови, каде што ќе предложат и да се забрани присуство на повеќе од 4 лица гости, кои не се од фамилијата што живее во тој дом.
-Aнализите покажаа дека сериозен процент од новите случаи се токму од вакви настани, па затоа сакаме ова да го превенираме, рече Филипче.
