Европската комисија на 28 септември одобри употреба на генетски модифицирана соја во храната за луѓето и за животните. И понатаму не е дозволено одгледување на генетски модифицирани(ГМ) сорти на соја, пренесува euractiv.com
Компанијата Баер произвела ГМ сорта на соја, која после научната проценка била одобрена од страна на Европската агенција за безбедност на храната, а се очекува дека нејзиното производство ќе почне од 2021 година во САД и Канада. Новата сорта е отпорна на hercicide dikamba, глуфосинат – амониум и глифосфат.
Се очекува дека производителите во САД и Кина, поради поголемата достапност на пазарите на ЕУ ќе го зголемат производството на соја во наредниот период.
Одобрувањето има важност од 10 години, а сите производи од оваа ГМ сорта на соја ќе мора да бидат адекватно обележани со почитување на принципите за следење.
Веста за оваа одлука не ја дочекаа сите со воодушевување.
Членката на зелениот европски парламент Тили Метз изјави дека одлуката да се одобри увоз на ГМО е разочарувачка. Како што рече, увозот на ГМО толерантни на хербициди, особено сојата која може да се одгледува во земји како што се Бразил и Аргентина, ризикува да ги поткопа меѓународните обврски на ЕУ за климата, вклучувајќи ги и заштитата на шумите и биодиверзитетот.
Од меѓународното движење за органско производство IFOAM велат дека сојата е одобрена за употреба во храната за луѓето и за живтоните, а не за одгледување на територијата на ЕУ, па контаминацијата со пестициди во текот на производството не е директна закана за органското земјоделство во ЕУ.
Меѓутоа и тие ја делат загриженоста дека увозот на оваа култура на пазарот на ЕУ може да доведе до зголемена употреба на пестициди надвор од ЕУ и тоа токму на оние пестициди кои имаат докажано негативно дејство на живтоната средина и биодиверзитетот.
Извор: Agrosmart
