Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Напредок во окрупнување на земјиштето и задругарството, субвенциите се уште врзани само за производството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Напредок во окрупнување на земјиштето и задругарството, субвенциите се уште врзани само за производството
Агровести

Напредок во окрупнување на земјиштето и задругарството, субвенциите се уште врзани само за производството

Објавено 08/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој. Постигнат е добар напредок, особено во однос на имплементација на ИПАРД 2, мрежата на податоци за сметководство на фармите (ФАДН), интегрираниот систем на администрација и контрола (ИАЦС), консолидацијата на земјиштето и земјоделските задруги, но директните плаќања и натаму се врзани исклучиво за производството, односно многу малку и за примената на добрите производни практики, оценува Европската комисија во најновиот Годишен извештај за земјава.

Комисијата смета дека Платежната агенција треба да се доекипира и да ги зајакне капацитетите, а недостига кадар и во јавната советодавна служба.

– Годишните буџетски алокации за директните плаќања останаа стабилни, а од 2019 година се воведени и нови: за гориво и за „мали земјоделци“. Бидејќи не беа спроведени сите препораки за 2019 година, земјата треба да се фокусира на донесување стратешки одлуки за раздвојување на директните плаќања, на зајакнување на улогата и капацитетот на Платежната агенција во врска со интегрираната администрација и контрола, како и во однос на искористувањето на ИПАРД 2 средствата, но треба да се посвети и на натамошно институционално и правно усогласување со ЕУ законодавството во делот на заедничката организација на пазарот, стои во Извештајот.

Прогрес е нотиран и во делот на органското земјоделство каде законодавството и контролните тела се воспоставени, но, како што се наведува, потребни се дополнителни напори за да се обезбеди строга контрола и спроведување на дефинираните правила и прописи.

Постигнат е добар напредок и во усогласувањето со европските правила за заедничка организација на пазарот преку подготовка на режими специфични за стоки за млечни производи, овошје, зеленчук и свинско месо. Но, потребни се дополнителни напори за спроведување на натамошните институционални и правни усогласувања со законодавството на ЕУ, особено при препознавање организации и здруженија на земјоделски производители.

– Напредок е сè уште потребен во делот на прилагодување на стратегиите за рурален развој и на усогласување на управувањето и спроведувањето на национална политика за рурален развој со релевантното законодавство на ЕУ. За политиката за квалитет, воспоставено е основното законодавство, но сè уште се потребни напори за нејзино спроведување и контрола, пишува во Извештајот.

Според ЕК, употребата на системот за идентификација на земјишните парцели (ЗПИС) е ограничена на контроли на самото место. Потребни се дополнителни напори за да се заврши законската рамка за пренесување на регистарот на земјоделски производи и системот за идентификација на парцели на Платежната агенција, како и да се финализира софтверот на ИАЦС.

Земјата има добро ниво на подготовка и во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, особено во делот на контролата врз болестите кај животните.

– Постигнат е добар напредок во мерките за контрола на болести кај животните. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжи со вакцинација на лисиците против беснило и говеда против јазлеста кожа. Престана вакцинацијата против класична свинска чума по успешното спроведување на мерките за контрола и искоренување. АХВ продолжи со активности за надградба на мерките за биосигурност на свињарските стопанства, а усвоени се и планови за итни случаи за класична свинска чума, сипаници кај овци и кози и болести на аквакултура.  Националната програма за следење и контрола на остатоците од ветеринарно-медицински препарати, производи и загадувачи кај живи животни и прехранбени производи од животинско потекло, е во согласност со ЕУ законодавство за говеда, овци, свињи, живина, аквакултура, млеко, јајца и мед, оценува ЕК.

Во Извештајот се забележува и дека контролата на кучињата скитници не било правилно управувано во сите општини, но, микрочипирањето при регистрацијата на домашните миленици е веќе стандардна процедура.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:задругарствоизвештајнапредококрупнување на земјиште
Претходен напис Развојна банка објави повик за продолжување на грејс-периодот за компаниите кои користеле ковид кредити
Следен напис Филипче: До Владата ќе предложиме мерка – забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?