Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Фарма Органика“ Прилеп ќе откупува лешници оваа година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > „Фарма Органика“ Прилеп ќе откупува лешници оваа година
Органско производствоПазари

„Фарма Органика“ Прилеп ќе откупува лешници оваа година

Објавено 28/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фарма Органика Прилеп ќе откупува лешници оваа година Земјоделска Задруга Фарма Органика оваа година ќе изгради расадник за садници за лешник и бадем во околината на Прилеп. Откупот на лешник и бадем ќе го отпочнеме одма оваа есен, а покрај расадникот за садници ќе опремиме лабораторија за испитување на земја за потребите на нашите клиенти. Квалитетот на лешникот ќе го испитуваме во опремена и акредитирана лабораторија за храна и тоа ќе се прави пред откупот на лешниците од домашните производители.

За прв пат оваа година ќе биде извршена целосна анализа на лешниците произведени во Македонија, нивниот квалитет и содржина. Ни предстои тешка и долгорочна работа во областа на сертифицирањето на лешникот од Македонија, примена на стандардите за производство, откуп и преработка на лешникот произведен кај нас.

Во овој момент броиме 30 членови во земјоделската задруга. Мислиме да ги зачлениме во нашата задруга сите оние кои садат лешници и бадеми во нашата земја, а се сериозни одгледувачи за да можат да ги посетуваат нашите обуки, експертизи и да ги следат нашите препораки и совети.

Лешникот е добар бизнис но мора да ги следите процедурите и стандардите. Компаниите кои вршат нивна преработка бараат висока стандардизација и работат по многу високи стандарди. Денес како земја која скоро ќе отпочне преговори со ЕУ не смее да произведува производи со низок квалитет и стандард. Нискиот стандард и квалитет само драстично ја намалува цената на производот.

Се надеваме дека до есен ќе ги исполниме сите таргети и покрај кризата со Ковид 19. Одгледувањето на лешници и бадеми е профитабилен бизнис но бара доста посветеност,многу љубов но и исполнување на стандарди.

Цената на откупот ќе биде позната овие денови. Имено се чека претседателот на Турција,Реџеп Таип Ердоган да ја соопшти откупната цена на лешник во Турција. Спрема овие цени и квалитет Фарма Органика ќе ги прилагоди и сопствените цени за откупот.

Фејбсук статус на Фарма Органика – Прилеп

Може да ви се допадне

Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Таг:лешнициорганикаприлепфарма
Претходен напис Африкански бран во Македонија – следната недела температури до 38 степени
Следен напис Успешна заштита од град во јужниот дел на Пелагонија и Ресенско
1 коментар 1 коментар
  • Гоце Темелкоски напиша:
    на 04/10/2020 г. во 08:18 часот

    Имаме лешници од сопствено производство. Оваа година имаме околу 500кг.Заинтересирани сме за вашата програма за зачленувањ.
    Дали откупувате и по која цена
    Ние жувееме во Кичево, с. Другово.
    Гоце Темелкоски

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?