Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО Регионален дијалог на високо ниво – партнерски одговор на КОВИД-19 во секторот храна и земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО Регионален дијалог на високо ниво – партнерски одговор на КОВИД-19 во секторот храна и земјоделство
Агровести

ФАО Регионален дијалог на високо ниво – партнерски одговор на КОВИД-19 во секторот храна и земјоделство

Последна измена: 07/10/2020 06:45
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Економска инклузија и социјална заштита за намалување на сиромаштијата, стандарди за трговија и безбедност на храна, зајакнување на отпорноста на малите земјоделски стопанства, спречување на следната зоонозна пандемија и трансформација на системите за храна, се приоритетите на ФАО за опоравување од ситуацијата со КОВИД-19 во земјите од регионот.

Приоритетите ќе бидат една од темите на денешниот регионален онлајн дијалог за Европа и Централна Азија за заедничка акција во врска со КОВИД-19 кој ќе може да се следи и во живо на Youtube од 10:30 – 13:00 часот.

Панелот на високо ниво ги обединува сегашните и потенцијалните партнери на ФАО кои работат на територијата на Западен Балкан, Источна Европа, Централна Азија и Јужен Кавказ и се заинтересирани за заеднички одговор преку програмски решенија прилагодени на секој регион за развојните социо-економски и еколошки последици од глобалната здравствена криза во секторот храна и земјоделство.

Министри за земјоделство и високи службеници од Европа и Централна Азија, партнери, вклучувајќи ги Европската комисија, агенциите на ООН, Евроазиската економска комисија, Светска банка, Европската банка за обнова и развој и други меѓународни финансиски институции, како и Тетра Лавал и други актери од приватниот сектор, академски институции, граѓански организации и здруженија на земјоделци ќе разговараат за можностите да се насочи соработката водена од стратешко партнерство, податоци, иновации и одговорни инвестиции во насока на одржлив развој во регионот, фокусирајќи се на најзасегнатите земји.

Дискусијата следи по глобалниот дијалог инициран од генералниот директор на ФАО на 14 јули за презентирање на Програмата на ФАО за сеопфатен одговор и опоравување од ситуацијата со КОВИД-19 и ќе се осврне на Планот на ФАО за регионален одговор изработен врз научна основа во консултативен процес.

МИА

Може да ви се допадне

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Таг:COVID 19Регионален дијалогфаохрана и земјоделство
Претходен напис Концептот „зелена економија” презентиран пред бизнис секторот од регионот Пијанец-Малеш
Следен напис Компаниите основани и управувани од жени ќе ги добијат решенијата за субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?