Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Концептот „зелена економија” презентиран пред бизнис секторот од регионот Пијанец-Малеш
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Концептот „зелена економија” презентиран пред бизнис секторот од регионот Пијанец-Малеш
Агровести

Концептот „зелена економија” презентиран пред бизнис секторот од регионот Пијанец-Малеш

Објавено 06/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Делчево се одржа средба на компании од регионот за примена на концептот „зелена економија”. Активноста е дел од проектот на Регионалниот центар за застапување, а целта е креирање зелени работни места во микро регионот Пијанец-Малеш.

-Настанот има за цел да ги собере на едно место компаниите од микрорегионот Малеш-Пијанец кој што ги опфаќа општините Делчево, Берово, Пехчево и М.Каменица. Оваа консултативна средба се однесува на проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија” кој сакаме да го промовираме за да ја зајакнеме свеста и да ги зајакнеме капацитетите кај бизнис секторот од нашиот регион. Истовремено сакаме да направиме и јакнење на капацитетите на невладиниот сектор од овој регион и на тој начин да ја подогнеме јавната свест кај населението за тоа што значи креирањето на зелени работни места и кои се бенефитите за зелената економија, рече кородинаторот на Регионалниот центар, Родне Деолска,

Претседателот на Регионалниот центар за застапување Тони Стоименовски додаде дека ова е само еден од проектите кои Центарот ги работи во делот на зачувување на животната средина.

-Исто така еден дел од работилницата е наменет за можните донатори и фондови кои можат да ги користат малите и средните претпријатија од Делчево и регионот околу Делчево. Како една од можностите во време на Ковид-19 и најразлични економски кризи се грантови преку кои можат да ги потпомогнат и организираат зелените работни места, рече Стоименовски.

Експертот за развој и имплементација на проектите финансирани од ЕУ, Ристо Иванов додаде дека овие активности кон кои треба да биде насочен бизнис секторот ќе бодат неминовни во време на климатски промени.

-Климатските промени се повеќе наметнуваат потреба од еден друг тип на економски активности или накратко кажано се формира една таканаречена зелена економија, каде што со бизнис иницијативи, се повеќе, се отвора можност да се излезе во пресрет на овие проблеми во делот на климатските промени и на тој начин да се развијат бизнис активности и да се отворат работни места.

Темата е Зелена економија која опфаќа заштита на животната околина и извршување на економски активности со порационално и поефикасно користење на природните ресурси. Околината во таа смисла треба да се превенира со акции кои ќе овозможат и конкурентност на претпријатијата, но истовремено преку нивните идеи да им се даде пристап до подобри и би рекол подобри извори на финансирање било да се грантови или евитни кредити, вели Иванов.

Европската унија како што додаде тој нуди такви програми, а токму ваквите работилнции имаат за цел да ги идентификуваат идеите на бизнис секторот кои во наредниот период ќе се разработат во конкретни проекти.

Проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија” е финансиран од Европската Унија преку мрежата на Рурален развој на Македонија и ќе се реализира до крајот на годинава.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бизнис секторзелена економијаМалеш-Пијанецпримена
Претходен напис Амлата – Новото егзотично овошје што го освојува светот!
Следен напис ФАО Регионален дијалог на високо ниво – партнерски одговор на КОВИД-19 во секторот храна и земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?