Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фацелија – медоносно растение што може да се користи како паша за пчелите од мај до септември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Фацелија – медоносно растение што може да се користи како паша за пчелите од мај до септември
Растително производство

Фацелија – медоносно растение што може да се користи како паша за пчелите од мај до септември

Објавено 19/09/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фацелијата е едногодишно медоносно растение кое може да се користи како паша за пчелите во период од мај до септември. Тоа може да се постигне со постепена сеидба на растојание од 15-20 дена. Приносот на мед кој може да се добие од неа е од 500-1000 кг/ха. Бојата на медот е светложолта со пријатен мирис и вкус и одличен квалитет. Може да се користи за зелено ѓубрење и многу е погодна за плодоред. По потекло е од Америка а во Европа е донесена во 19 век.

Слична е на плевел, достигнува висина околу 60-90 см. Почнува да се разгранува во долниот дела на стеблото. Едно растение содржи од 5000-7000 цветови со виолетова боја. Цвета 45-50 дена после сеење.

Цветањето трае 30-40 дена ако сеењето се распореди на временско растојание. Периодот на паша кај ова растение може да се продолжи во текот на целото лето, односно од мај до септември. Покрај тоа што се користи како паша за пчели, фацелијата се користи за подготовка на сено за добитокот и за производство на семе.

Фацелијата е легуминозно растение, што значи на нејзиниот корен се развиваат бактерии (азотофиксатори) кои го врзуваат елементарниот азот од воздухот. Коренот продира до 70 см длабочина со сразмерна густина. На тој начин ја подобрува структурата на почвата и остава
значајни количини на органска материја и азот, со што ова растение е добар подобрувач на сиромашните почви. Покрај тоа целото растение може да се заора по цветањето, поради што е погодно за зелено ѓубрење на овошни и лозови насади. Ако фацелијата се заора во фаза на прецветување, ефектот што се добива со збогатување на почвата со хранливи материи е ист како на хектар површина да сме ставиле 25 тона арско ѓубре.

Фацелијата може да се сее во било кој период од годината ако времето е поволно. Иако најчесто се сее од февруари до мај, а ако времето е влажно може и во јуни. Најдобро е да се насее во текот на март, бидејќи во тоа време има доволно влага во почвата и сеуште не е започнат интензивниот раст на плевелите, кои подоцна фацелијата ќе може да ги загуши. Со тоа нема да има потреба од окопување или пак употреба на хербициди кои секако не се пожелни во производството на медот.

Посеана во вистинско време пчелите ќе може да ја искористат за паша.
Фацелијата нема некои посебни барања во одгледувањето. Може да се сее на сите типови на почва, иако најдобро успева на полесни почви.
Поради ситното семе почвата треба да е квалитетно подготвена за сеење. Фацелијата издржува ниски температури (-5˚С), може да се сее во доцна есен, за семето да никне во рана пролет некаде до крај на април. Се сее на длабочина од 1,5-2 см и меѓуредово растојание 20-25 см. Количината на семе е 5-10 кг/ха во зависност од рокот на сеидба и квалитетот на подготовка на почвата. Кога фацелијата се одгледува за зелено ѓубрење (сидерација) се сее поголема количина на семе. При сеидбата треба да се внимава семето да не остане на површина, бидејќи ´ртењето на семето ќе биде инхибирано од сончевата светлина.

Ѓубрење на фацелијата со минерални ѓубрива не се практикува пред се поради добриот коренов систем, кога е посеана на плодна почва и кога се користи како пчелана паша. Ако фацелијата се одгледува како фуражна култура или посеана на почва со помала плодност, во тој случај може да се ѓубри. Со основна обработка на почвата се употребува околу 200-250 кг/ха НПК и за прихрана се додаваат околу 50- 100 кг/ха азот.

Може да се употребуваат хербициди при што треба многу да се внимава, како со изборот, така и со времето на примена. Кога фацелијата се одгледува за паша на пчели пестицидите препорачливо е воопшто да не се упoтребуваат.

Ако фацелијата се користи за исхрана на добиток, косењето најдобро е да се изврши пред почетокот на полно цветање.

Кај фацелијата не се познати паразити и болести, но нејзиниот корен делува многу токсично на нематодите. За тоа оваа култура е од голем интерес за земјоделците, пред сè поради тоа што ја подобрува почвата, ја збогатува и одмора.

Фацелијата лесно се отсранува механички и не претставува сероизен плевел за културите што ќе се одгледуваат. Исто така може да се сее повеќе години како монокултура.

АПРЗ РЕ Скопје
Дипл.инг.агр. Зорица Јанкуловска Мицковска

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:фацелија
Претходен напис Еколошките организации против зелената класификација на ЕУ за гас и нуклеарна енергија
Следен напис Редовен координативен состанок за навремена подготовка на новата ИПАРД 3 програма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?