Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фабриката „Пејпар мил“ од Кочани ја комплетира изградбата на пречистителна станица за отпадна вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Фабриката „Пејпар мил“ од Кочани ја комплетира изградбата на пречистителна станица за отпадна вода
Агровест

Фабриката „Пејпар мил“ од Кочани ја комплетира изградбата на пречистителна станица за отпадна вода

Објавено 22/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фабриката за рециклирање хартија „Пејпар мил“ од Кочани ја почнува третата фаза за изградба на сопствена пречистителна станица за отпадната вода, за што досега се инвестирани 450 илјади евра.

Од менаџментот на компанијата истакнуваат дека за оваа фаза веќе е избран изведувач – компанијата ARC WATER TREATMENT TECHNOLOGIES од Турција, а по проектирањето на инсталациите ќе почне работата на терен.

Според изготвениот елаборат, суспендираните материи ќе имаат значително подобрување, односно повеќе од двојно од дозволените граници, а параметрите за биохемиска потреба од кислород – БПК5 и ХПК ќе се подобрат за три пати.

-Неопходно е да се рестартира процесот на рециклирање и производство на хартија за да ги почнеме активностите за имплементација на системите за прочистителната станица од третата и последна фаза. Целосно завршување на станицата го планираме во текот на оваа година. Токму денеска, одбележувајќи го Светскиот ден на планетата, ја потенцираме нашата посветеност кон унапредување на процесите и целосна заштита на сите сегменти на природната средина и на заедницата во која работиме и живееме, истакна Јулијан Даскалов, генерален директор на „Пејпар мил“.

Изградбата на пречистителната станица за вода е почната кон крајот на 2017 година, според елаборат изработен од реномирана консултантска компанија и истиот е одобрен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта е да се постигнат карактеристики на основните параметри на отпадната вода што ќе бидат значително под дозволените граници и блиски до карактеристиките на водата која влегува во самиот процес. При тоа, за повеќе од 60 отсто ќе се намали потрошувачката на техничка вода за потребите на производството. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Таг:Кочанипејпер мил
Претходен напис (ВИДЕО) Ова е најарогантната кокошка во светот! Чини повеќе од 500 евра!
Следен напис Фондот за иновации и технолошки развој на ден го објави јавниот повик за предизвикот „СТАРТАП ХЕРОИ“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?