Европската комисија ги објави препораките за земјоделството во Бугарија, во новиот земјоделски план за периодот 2023-2027.
Главен акцент се става на следното:
-50% намалување на целокупната употреба на хемиски пестициди, како и намалување на ризиците поврзани со нив и употребата на поопасните пестициди,
-50% намалување на продажбата на антимикроби за домашните животни и аквакултурата
-50% намалување на загубите на хранливи материи и истовремено осигурување дека плодноста на почвата нема да се влоши. Ова ќе ја намали употребата на ѓубрива за најмалку 20% до 2030 година.
-100% пристап до брз широкопојасен интернет во руралните области до 2025 година
– 25% од земјоделското земјиште на ЕУ треба да се обработува според принципите на органското земјоделство
-10% од земјоделското земјиште треба да се наоѓа во области кои се карактеризираат со голема разновидност на пределот
Документот на Европската комисија покажува дека Бугарија има најмногу задачи во областа на употребата на пестициди, зголемување на површините со органско земјоделство, како и намалување на штетните емисии од трактори и земјоделски машини, иако продолжува продажбата на нови руски трактори кои не ги исполнуваат европските стандарди за штетните емисии.
Поради недостаток на царинска контрола – увозот во Бугарија продолжува, и ваквите трактори се продаваат и се користат без регистрација во тамошното Министерството за земјоделство и храна.
Извор: Агроклуб.бг
