Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Есенско Пазарче“ во кумановско Ново Село, промоција на локални производи и рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Есенско Пазарче“ во кумановско Ново Село, промоција на локални производи и рурален развој
Агровести

„Есенско Пазарче“ во кумановско Ново Село, промоција на локални производи и рурален развој

Објавено 24/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во кумановското Ново Село утре со почеток во 10 часот, пред „Туршијара Суперкиз“  ќе се одржи третото издание на „Есенското Пазарче“, настан кој има за цел промоција на локалното производство и развојот на руралните средини, информираа денеска организаторите, локалното здружение за рурален развој „Ума сто“.

– На пазарчето ќе учествуваат околу дваесет мали производители од Умин Дол, Ново Село и поширокото кумановско подрачје. Посетителите ќе имаат можност да купат домашен ајвар, туршии, сокови, мармалади, слатка, месни и млечни деликатеси, како и други автентични производи подготвени според традиционални рецепти, изјави Роза Трајковиќ еден од основачите на „Ума Сто“ и организатор на настанот.

Покрај продажниот дел, програмата ќе вклучува забавни и рекреативни активности, работилница за најмладите со природни материјали и можност за изнајмување велосипеди со кои посетителите ќе можат да го разгледаат Ново Село и соседното село Умин Дол. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Дел од приходите, како и доброволните донации собрани преку поставените QR-кодови, ќе бидат наменети за обнова на стогодишна камена куќа што здружението „Ума Сто“ планира да ја стави во функција за понатамошен развој на селскиот туризам. Здружението „Ума Сто“ е активно од 2022 година и има седиште во селото Умин Дол. Неговата мисија е поттикнување на руралниот развој, со особен фокус на руралниот туризам. Во рамките на своите активности, здружението организира два поголеми настани годишно и повеќе помали активности со цел да ги привлече домашните и странските посетители и да придонесе за оживување на овие две села. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Есенско ПазарчеНово Селорурален развој
Претходен напис Прекин на сообраќајот на патот Скопје – Куманово кај Хиподром поради излетано товарно моторно возило
Следен напис Список на кандидати за полагање на ИСПИТ на 27.10.2025 година во Научен Институт за тутун Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?