Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дополнителна дезинсекција во Битола против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дополнителна дезинсекција во Битола против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска
Агровести

Дополнителна дезинсекција во Битола против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска

Објавено 13/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска.

Според информациите од Центарот за јавно здравје – Битола, до 9 август годинава веќе се реализирани сите предвидени редовни активности за дезинсекција – три ларвицидни и три адултицидни третмани.

Сепак, поради прогласената епидемија на Западнонилска треска на дел од територијата на Скопје и потребата од дополнително намалување на бројноста на комарците, Општина Битола, во консултација со Центарот за јавно здравје – Битола, ќе спроведе дополнителни третмани.

Дополнителната ларвицидна дезинсекција ќе се спроведе на 19 август, додека адултицидната дезинсекција ќе се реализира од 23 до 27 август, согласно условите и динамиката на теренските активности.

Ларвицидниот третман е насочен кон уништување на ларвите во местата погодни за размножување на комарците, додека адултицидната дезинсекција ги таргетира возрасните комарци. Со комбинираното спроведување на мерките се очекува дополнително намалување на популацијата на комарци и потенцијалниот ризик од пренос на векторски заболувања.

Од Општина Битола информираат дека состојбата ќе продолжи да се следи во соработка со Центарот за јавно здравје и дека, доколку има потреба, ќе се преземаат дополнителни превентивни мерки.

Воедно, граѓаните се повикуваат да придонесат во контролата на комарците со отстранување на застојаната вода од дворови, тераси, саксии, садови и други места каде што комарците можат да се размножуваат.

Се препорачува и користење заштитни мрежи на прозорците и вратите, како и примена на соодветни мерки за лична заштита од убоди од комарци.

Може да ви се допадне

УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банкарскиот сектор
Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно
Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
Големи пожари во Албанија,  Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите
Таг:БитоладезинсекцијаЗападнонилска трескакомарци
Претходен напис Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно
Следен напис УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банкарскиот сектор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?