Црвената круша е стара, средно голема сорта на домат погодна за свежа консумација и готвење.
Доматот е најраширена градинарска култура, која ни малку не е комплицирана за одгледување, без оглед дали станува збор за садење во градина или на тераса. Постојат голем број различни сорти, кои се разликуваат по висина, по бојата (црвена, розева, бела, црна, зелена, жолта, портокалова) и по формата на плодот (округол, заоблен, со форма на круша, долгнавест…)
Црвената круша се одлилкува со темно-црвена боја на плодот со фантастичен вкус, одличен за свежа потрошувачка, особено за салати, но и за готвење.

Средно рана сорта која може да се одгледува и на отворено и во пластеници, со извонредно добра родност и многу крупни плодови. Се одликува со добра отпорност на пламеница. Пред самата сеидба потребно е да се изврши ѓубрење на почвата, се препорачува садење на нешто поголемо растојание, со оглед на тоа дека оваа сорта има голема надземна маса. После садење задолжително поставете потпирач, односно дрвени или ПВЦ колци, за кои се врзуваат садниците.
Оптимална температура на никнување на семето на домат е 22 до 25°C, a никнувањето трае од 8 до 23 дена.
Супстрат
За никнувањето на вашиот домат да биде задоволително, задолжително сејте го во квалитетен супстрат наменет за сеидба.
Земјата за цвеќе, градинарската земја и останатите миксови никако немојте да ги користите за сеидба бидејќи ја задржуваат влагата и многу брзо почнува да се развива мувла. Штотуку посеаното семе прскајте го со прскалка. Водете сметка супстратот да не е премногу влажен, бидејќи семето е чувствително на вишок процент на влага и многу брзо почнува од вишокот влага да скапува. Задолжително е садовите во кои ги одгледувате да ги чувате на топло и светло место за расадот да не биде издолжен, тенок и неквалитетен.
Доматот во градината може да се сади во леи кога ќе престане опасноста од мразеви. Препорака е прихраната да биде на природна база.
Доматите се берат наутро и попладне. Плодовите мора да бидат студени, не топли, ниту со роса.
Извор: planthouse.hr
