Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Договорно производство: Лешникарите со 5 годишни договори за откуп со одлични цени!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Договорно производство: Лешникарите со 5 годишни договори за откуп со одлични цени!
АгровестиДоговорно ПроизводствоПредлог бизнис

Договорно производство: Лешникарите со 5 годишни договори за откуп со одлични цени!

Последна измена: 13/11/2024 10:53
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Лешникарите со 5 годишни договори за откуп со одлични цени!

Компанијата Нелкоски Органик Фуд продолжи со потпишување на долгорочни договори со земјоделците низ целата земја. Договорите се со рок од 5 години и водат кон долгорочна продажба на лешници, најчесто за извоз.

Досега, Нелкоски Органик Фуд склучи договори со 31 земјоделец од различни региони, при што водечки се Охрид, Струга, Тетово и Гостивар. Компанијата исто така има земјоделци од Виница, Битола, Демир Хисар, Ранковце, Куманово и други градови и села низ земјата.

Клучен аспект на овие договори е ДОГОВОРЕНОТО ПРОИЗВОДСТВО на лешници за познат купувач, што ги води земјоделците кон сигурен пазар кој бара исклучиво висок квалитет на производот. Основни елементи на договорите:

• Компанијата бара од земјоделците да станат органски производители, обезбедувајќи им период од 3 години за да го постигнат тоа.

• Компанијата поддржува и плаќа 50% од сите трошоци поврзани со сертификација за првата година а останатите 50% ги покрива државата преку Министерството за земјоделие.

• Компанијата им обезбедува поддршка на земјоделците со агрономи, мобилна апликација за помош и други форми на поддршка.

• Компанијата нуди основна цена од 180 МКД по килограм, со можност за дополнителни 10 МКД за многу висок квалитет. За исполнување на оваа цена има јасни критериуми.

• Договорите на компанијата вклучуваат строги казни за земјоделците кои нема да ја задржат органската продукција и ќе користат пестициди на нивите.

• Компанијата може да откупува било која сорта на лешници, но и ги охрабрува земјоделците да посадат најмалку неколку дрвца од сорта „Тонда Франческана“, како многу силна сорта, со цел самите да може во иднина да имаат свои садници од оваа нај силна сорта.

Важноста на органското производство е и можноста за добивање дополнителни субвенции од државата до 70%. Ова е значителен дополнителен приход кој од следната година се очекува да биде околу 57.800 МКД по хектар.

Македонија мора да го развие своето органско производство поради својата европска иднина. Европа бара 25% од целокупната земјоделска површина во земјата да биде органска, а во моментот сме под 3%, што значи дека ова ќе се промени многу скоро. Мораме да произведуваме органски ако сакаме нашите лешници да ги извезуваме без никакви проблеми.

По потпишување на 50 земјоделци, Нелкоски Органик Фуд ќе започне со втората фаза на поддршка за своите земјоделци и тоа ќе оди во неколку фази. Земјоделците ќе може да учествуваат на студиски посети во странство за тоа како најлесно да ги обработуваат своите насади. Во втората фаза ќе им помогнат да основаат задруги во своите региони. Ова ќе им овозможи на земјоделците од секој регион да купат нова механизација, да добијат дополнителна поддршка од ИПАРД и националниот фонд со финансиска поддршка од 90%. Исто така, секој земјоделец член на задругата има право на дополнителни 10% од финансирањето на своите субвенции.

Сета оваа поддршка од Нелкоски Органик Фуд е дел од нивната долгорочна стратегија во следните 5 години да станат најголем извозник на органски лешници во Југоисточна Европа.

Придружете се брзо, контактирајте го Нелкоски Органик Фуд на 078233073 или на [email protected]. Посетете ја нивната веб страница www.zaumorganic.com или FB и Instagram страниците за повеќе информации.

Може да ви се допадне

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
Рекордно производство на жито, но потрошувачката ја надминува понудата?
Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
Каракашев: Земјите во соседството ги штитат земјоделците, кај нас се е оставено на милост и немилост на трговците
„Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
Таг:договоридоговорно производствоземјоделецлешникариорганскоцена
Претходен напис За две децении, цената на златото се зголеми за 800 отсто
Следен напис Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?