Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади
Агровести

МЗШВ: Земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади

Објавено 21/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.

Корисници на овие субвенции можат да бидат земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари одржлива површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, диња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен. Земјоделските стопанства треба да се регистрирани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства.

– Минимален број на овошки- садници по хектар прифатлив за секој овошен вид одделно е даден во табелата за минимален број на овошки-садници во Прилог 5, дел од  Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар, информираат од ресорното Министерство.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 1.8. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, односно за подмерката 1.11.

Право на аплицирање за дополнителните плаќања имаат земјоделските стопанства, корисници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, за одржување на постоечки јаболкови насади и остварено производство на јаболка за период од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 година, кои го предаваат директно или кај регистриран откупувач или преработувачки капацитети. Висината на доплнителните директни плаќања изнесува три денари по килограм.

Од Министерството потсетуваат дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни. Барањата може да се достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната агенција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аплицираатмзшвовошни насадисубвенции
Претходен напис Почнува летото
Следен напис Доделени 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори во Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?